В четврток во НУЦК„Марко Цепенквов“-Прилеп шестото издание на „Љубење со стихови“

Настанот ќе се одржи во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

В черврток на 13 ноември, од 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура

„Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-

музичкиот перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и

поетесата Лина Димоска.

Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го

претставуваат нивното творештво, но и нивни омилени песни од домашни и

странски автори. Овојпат покрај на македонски, ќе бидат интерпретирани песни

и на српси и руски јазик, а ќе бидат рецитирани и препеви на Димкоски од

руски и од српски на македонски јазик.

Проткаена со пијано придружба, на оваа поетска вечер ќе прозвучат стиховите

на Блаже Конески. Гане Тодоровски, Анте Поповски, Оливера Андоноска,

Божидар Божиноски, Далибор Ивановиќ, но и Мика Антиќ, Алексеј Решетов и

Никола Раусављевиќ.

Настанот е во органзиација на Здружението за образование, култура и уметност

ЗОКУМ-Прилеп, а поддржан од Општина Прилеп и НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп.

Се работи за настан од отворен тип, а влезот е бесплатен.

„Според Емерсон, сите луѓе се поети во срцето. А ние ќе се потрудиме во сечие

срце да ја разбудиме поезијата“-велат организаторите Димкоски и Димоска.


#Култура

Коментари