Пређи на главни садржај

Изложба „Линиска Стратиграфија“ од уметникот Давид Атанасоски впеток во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата ќе биде поставена во Ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 28.11.2025 (петок) од 19:00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ Линиска Стратиграфија“ од уметникот Давид Атанасоски. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Во современата графичка пракса, линијата не се појавува како непосредна трага, туку како резултат на структурен пресек на волуменот. Скулптурниот објект се трансформира во генератор на отпечатокот, создавајќи визуелен запис што ја артикулира меморијата на материјалот и го претвора тридимензионалниот волумен во двомерна, но концептуално проширена, визуелна структура. Композициите се сведени на суштината: трага ипразнина, маса и одсуство, површина и сенка. Присуството на материјалот се артикулира низ отпечатокот, кој ја пренесува динамиката и поетиката на формата, отворајќи простор за читање на интензитетот на материјалната интеракција. Линијата се јавува како гест, документ и концептуален субјект, поврзувајќи го феноменалното и менталното, физичкото и когнитивното искуство на гледачот.

„Процесот на отпечатување ја трансформира скулптурата во инструмент на цртање.Рабовите, вдлабнатините и издигнувањата стануваат генератори на ритам и ред,создавајќи мрежи од монохромни, напрегнати линии. Листот ја впива нивната гестуалности ја зачувува материјалната вибрација на објектот, како визуелна хроника на уникатноматеријално случување. Монохромијата ја ослободува композицијата од описност,насочувајќи го вниманието кон чисто гестуално и концептуално читање. Во оваа редукцијасе открива суштината на формата: нејзината кревкост, строгост и тивка драматичност, кои го рефлектираат моментот на непосреден контакт помеѓу материјал и отпечаток.Отпечатокот станува момент на присуство, визуелен запис на трансформацијата на волуменот во двомерна, но концептуално експанзивна, визуелна форма“ - вели уметникот Давид Атанасоски.

Давид Атанасоски роден во Прилеп 1995 година.Во 2018 година завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсеквајарство со конзервација и реставрација. Член е на меѓународната организација за уметност и култура Narrative Movements.

Инаку, Давид Атанасоски има учествувано на повеќе групни изложби, а исто така има направено и повеќе самостој излоби низ цела Македонија.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...