Пређи на главни садржај

KNAP е името на новиот прилепски музички бенд

Нов бенд на прилепското и македонското музичко небо...

Прилеп добива нов музички бенд. KNAP веќе ќе биде добропознато музичко име не само на локалното прилепско туку и на регионално и на национално македонско музичко небо.

Новосоздадениот бенд KNAP е во состав на Леонид Насески (клавијатури), Димитар Колевски (бас гитара), Стефан Самарџиоски (тапани), Леонид Гешоски (гитара) и Ана Цветаноска (вокал).

Сите членови се ученици во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп.

Водени од добрите и квалитетните ноти на поп и рок музиката дечките од KNAP решаваат да запловат во професионалните музички води на поп и рок музиката со тоа што на 24 ноември 2025 година го оформуваат бендот кој ќе се занимава и кој за слушатлите ќе ја пласира само поп-рок музиката.

KNAP нема да биде KNAP доколку првиот нивни настап не е закажан непосредно по нивното составување.

Првиот настап на KNAP ќе се одржи вчетврток во клубот „Калинка“ во страта прилепска чаршија со почеток од 21:30 часот. Побрзајте и резервирајте го вашето место навреме на телефонскиот број 048/551-000.

ДА ГО ПОДДРЖИМЕ НОВИОТ ПРИЛЕПСКИ БЕНД KNAP НА НИВНОТО ПРВО ДЕБИ ВО КЛУБОТ „КАЛИНКА'' ВО ПРИЛЕП!

Од ИНФО-ПРИЛЕП на дечките членови на групата ќе им посакаме успеси и полни раце работа, а воедно ќе им порачаме да го прават она што го знаат најдобро, а тоа е музиката.

 

 #Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...