Давид Давидовски сака да чисти тоалети, кујни и ги сака домаќинските работи

Давид повторно без влакна на јазикот...

Давид Давидовски (23) е млад контроверзен и интелигентен новинар, најпознат тв и радио водител и инфлуенсер. Во јавноста е познат како модна икона и како борец за правата на луѓето. Тој е автор и водител на емисиите: ,,Ти реков ми рече”, ,,Дај гас” и ,,Давид на прва”. Како новинар има работено во неколку портали, а сѐ уште е дел од новинарската екипа на Метрополис радио, порталот-Рингераја и главен и одговорен уредник на порталот- Икон. Доскоро Давид работеше како водител и во Прва скопска телевизија. 

Во јавноста тој често предизвикува внимание со неговите искрени но контроверзни изјави, неговиот живот одсекогаш бил интригантен за јавноста. Во продолжение ќе откриеме работи кои не ги знаеме за Давид Давидовски.

1. Кое ти е омиленото овошје,а кој зеленчук најмногу го сакаш?

-Мушмули и лук, многу сакам лук.

2.Дестинација кија би сакал да ја посетиш?

-Тајланд, Бразил, Куба, северните делови на Норвешка.

3.Работа која никој не ја знае за тебе?

-Дека сум Влав. 

4.Има ли нешто што ќе ги изненади читателите, што никој не го очекува од тебе?

-Чистам тоалети, кујни, мијам садови, хаха многу сакам да чистам.

5. Од што имаш најголем страв?

-Од латентни криминалци.

6. Песна на која можеш да направиш “хаос” во кафана?

-,,Она је прича живота мога”.

7. Што е првото нешто што го правиш кога ќе станеш наутро?

-Пијам топла вода со зелен лимон и мед.

8. Кој твој мал ритуал те смирува?

-Кафето, цигарите, опсесивноста од парфеми и с*ксот.

9. Кој човек ти бил најголема животна лекција?

-Еден новинар на кој многу му верував за жал, првата буква му е ,,Н” и еден инфлуенсер со почетна буква ,,К”.

10. Кој комплимент ти значи најмногу?

-Дека сум најубав маж во Македонија.

11. Што може да те изнервира за 3 секунди?

-Кога некој нема да ми крене телефон кога најмногу ми треба.

11.Омилено и неомилено јадење?

-Омилена храна ми е кинеската и полнетите пиперки (се смее), а најнеомилена храна ми е пилешкиот стек и тие суши.

12. Кој спорт најмногу го следиш?

-Фудбал.

13. Кој е твојот скриен талент што малкумина го знаат?

-Многу добар и брз пливач сум.

14. Кое место во Скопје ти буди најголема носталгија?

-Капиштец, многу убави спомени од тинејџерството…

15. Што најчесто те инспирира да создаваш нови идеи?

-Кога гледам какви мизерии водат емисии и ги копираат моите фори и прашања…

16. Која е најхраброто работa што ја имаш направено?

-Кога како дете сум имал состаноци со јаки македонски ѕверки, кога сум снимал емисии со најголеми ѕвезди и кога работев и гостував по српски емисии во Белград и кога за неправди сум бил спремен да загинам…

17. Што е најлудото нешто што би го направил ако знаеш дека никој не може да те осуди?

-Сите скриншотови и докази што ги имам против многу јаки фаци во државата ќе ги објавам (се смее)

18. Ако можеш да ја смениш само една работа од минатото која би била?

-Да го послушав татко ми на времето и да станев доктор…

19.Омилен новинарски жанр?

-Се двоумам помеѓу аналитички и публицистички. 

20.Кога последен пат нешто навистина те шокирало?

-Навикнат сум јас на сѐ, кога станав индифирентен буквално на сѐ, ништо не може да ме шокира. Јас сум човек кој видел многу, дознал многу работи, се соочил со многу проблеми…

21.Од која навика најтешко се ослободуваш?

-Цигари…

22. Жена која најмногу ја сакаш?

-Мајка ми и баба ми.

23. На кој начин најмногу покажуваш грижа кон другите?

- Секој ден ги барам или пишувам пораки, се распрашувам дали некому нешто го мачи и јас сето тоа го средувам. 

24.Како знаеш дека навистина си вљубен?

-Кога го празнам новачникот и кога ја замарам таа личност и заборавам на својата гордост (се смее).

25.Што сметаш дека ти е најголема доблест во врска?

-Лојалноста.

26. Дали би простил предавство ако има многу силни чувства?

-Да.

27.Дали имаш симптатијаи како се вика?

-Да, зини да ти кажам.

28.Што правиш кога сакаш да се “одмаздиш” на личноста?

-Веднаш ја превземам нејзината најдобра другарка и правам сѐ за да дознае таа личност…

29. Кој дел од телото ти е најчувствителен и веднаш реагира на допир?

-(се смее) “увото” ми реагира…

30.Дали некогаш си имал фантазија што би сакал да се случи со некој, но ретко го кажуваш?

-Оуу да и најчесто тие луѓе за жал се во брак…

31. Дали една ѕвезда како тебе имам вистински пријатели и дали си недостапен за луѓето?
- Јас сум човек од народот го сакам мојот народ, не се флексам како некои други, немам его, живеам за мојата публика и секогаш сум достапен за секој.
Имам вистински пријатели: Тања, Сашка, газда Дејан и новинарот Христијан.
32. Имаш ли желба?
- Да се смирам со една „змија“ која знам дека ме сака..

Коментари