Пређи на главни садржај

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ се подготвуваат две нови претсави

 Претставите се „Црнила“ и „Ловец во р'жта“...

Театарот „Војдан Чернодрински“ ја подготвува претставата ,,ЦРНИЛА'' од Коле

Чашуле во режија на Дејан Пројковски, како дел од годишната програма за 2025 година,

поддржана од Министерството за култура и туризам.

Играат: Александар Степанулески, Димигар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Александар

Тодески, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Сара Спиркоска, Михајло

Миленкоски

Сценографија : Валентин Светозарев,

Костимограф : Марија Пупучевска,

Музика : Горан Трајковски

Премиера : Средината на ноември

Режисерот Дејан Пројковски за претставата:

Црнила ќе го истражува моралниот пад на човекот, братоубиството и предавството во

македонската револуционерна борба. Централен настан е убиството на македонскиот

револуционер Ѓорче Петров од неговите соработници во 1921 година во Софија.

Претставата ќе се занимава со трагедијата на македонското самоуништување и

мрачните страници од националната историја, со ликови кои се морални престапници и

кои работат против својот народ.

Биполарно обликуваните ликови ќе го потенцираат егзистенцијалниот апсурд на човекот

оставен во светот без да ја знае смислата на своето постоење. Ликовите се поделени

според степенот на предавство, главен предавник е Луков, Орце е трагичен лик – мамка

на сопствената егзистенција, Фезлиев е нашето грдо лице погледнато во огледалото.

Во претставата ќе се акцентира историскиот и политички контекст, но и

егзистенцијалниот апсурд и длабоката осуда на човечкиот пад и предавството на

сопствениот народ. Просторот ќе биде метафора на историска раскрсница, всушност

домот на Христови е местото каде што се подготвува заговорот каде што реализмот

ќе станува апсурд. Сценографијата треба да ја рефлектира мрачната, тензична

атмосфера на времето и настаните, со симболични елементи кои ја нагласуваат

тежината на темата и апсурдот на времето.

„Црнила“ е национална драма која преку историскиот настан на убиството на Ѓорче

Петров ја истражува и осудува темната страна на македонската историја,

предавството и човечкиот пад. Црнила е тема која што секоја театарска генерација

треба да ја преиспитува и работо како вивисекција на времето што го живееме.

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за претставата „Ловец во р'жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер. Претставата е дел од годишната програма за работа на тетаарот за 2025 година.

Режисер е Мартин Кочовски, кој вели дека претставата ќе преставува еден вид

кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до

денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина.

- Индивидуата во рамките, спрегите и режимите на времето за кое имаме напишани

докази и нивните остатоци на кои сме современици. Претставата ке прави врски на

моменти конфликтни меѓу поетиката и неjзината наjблиска форма – анархиjата; врски меѓу

импресионизмот во текстот и костимографиjата и експресионизмот во актерската игра и

сценографиjата; и на семиотичко ниво врски меѓу интимното и општественото. Во време

каде што безимените автори (кои не се многу, а меѓу нив најпопуларни се оние кои ги

напишале “светите” книги), губат смисла, причина и функција, се издигаат автори, кои се

условно речено, наши современици. Во време кога невидливата или божествената сила не

нуди одговор, утеха и се разбира спас, автори со име, презиме, дата и место на раѓање ни

обезбедуваат простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното “наше”, човечко

постоење и делување. Еден од нив, со забележителен успех не потсеќа дека човекот и

никој друг, е во центарот на светот и нештата. Се разбира Salinger. Сега кога конечно е

завршено со Пост-модерната уметност и “третата модерна”, а Нео-класицизмот се бори за

здив, се издига Новата Ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена

безизлезност, неизбежно е да се бавиме со The Catcher in the Rye.

На жалост секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој

период само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале.

Непрележаните и нетретираните современи болести: изолираноста на индивидуата,

отуѓувањето по секоја основа, класната поделба. Тие “болести” сега станаа видливи, но тие

постоеле со декади. Истовремено, светската тага, солидарноста, сочувството,

равноправноста, интелектуалната тага ке има можност да не спаси пред политичкото

општество. Во интерес на проклетството или досадата на егзистенцијалната повторливост,

претставата ќе минува низ времето, тоа значи дека визуелно ке се менуваат епохите,

музичката слика ќе се развива или деградира, и радоста од актерската игра ќе менува

фокус, т.е. претставата ке има 5 жанрови. Ќе осцилира од вистинска психолошка драма до

современ музички еп - вели режисерот Мартин Кочовски.


Драматизацијата е на Лидија М. Ѓорѓиовска, за сценографијата е задолжен Филип

Јованоски, за костимите Јулијана Војкова, а за музиката Пеце Трајковски - Брада.

Играат Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трчески, Даниела Иваноска, Наташа Ачанска, Ангела

Наумоска, Марија Спиркоска Илиеска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина

Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски и

гостите Здравко Стојмиров и Теона Крстеска, Премиерата е планирана за декември.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...