Пређи на главни садржај

ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ – АРОМАТИЧНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ПРИРОДАТА, ТРАДИЦИЈАТА И ЗДРАВИОТ ЖИВОТ

Настанот ќе се одржи на приземјето од Сити Мол...

Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките", од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај", кој нуди ретко искуство за сите љубители на природата, чаевите и здравиот начин на живот. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА"/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.

 

Во текот на трите фестивалски денови, над 30 учесници ќе ги претстават своите производи – чаеви, ароматични билки, есенцијални масла, природна козметика, сапунчиња, мевлеми, мармалади, намази, колачи од билки и шумски плодови. Фокусот на фестивалот е насочен кон автентичноста која природата ја нуди, преку лековитите билки и нивната примена во секојдневниот живот. Посебно внимание ќе биде посветено и на пчелните производи – природен мед и козметика од мед за поздрав живот.

 

Амбиентот на фестивалот ќе биде збогатен со присуство на уметници, кои ќе изложат  рачно изработени чајници и филџани, персонализирани аксесоари и уникатни уметнички предмети инспирирани од светот на чајот. Посетителите ќе можат и директно да комуницираат со производителите, да добијат совети за поздрав живот и да научат повеќе за благодетите на билките и природата.

 

Помеѓу учесниците ќе бидат претставени: Билна аптека „Матија", ЛАСОИ и ЛаЧа ароматерапи, Билна аптека „Роза Канина", Ливан Хербал, Китка дарови, Игнеа козметика, ЛаВита Агро, АПИ – природна козметика, Хелт Шоп Македонија, Мое Сапунче, Студио за сапун 23, Мирјана Ангелеска со производи од шумски плодови, Пчеларско здружение – Природен мед, Мед Хепи, Пчеларство ПетроскиВ, Пчеларство Антови, Елена Манчевска со природна козметика и медни мевлеми, Гостилица со природен планински чај, како и Здружението „Моја земја", кое ќе понуди дегустација на култивиран планински чај и традиционален ритуал „Сучење врвки".

 

Во рамките на фестивалот ќе учествуваат и образовните институции Институтот „Конфуциј" при УКИМ и Ботаничката градина при ПМФ – Скопје, заедно со Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), кои ќе го збогатат настанот со научно-едукативни активности и интерактивни презентации.

 

Фестивалот на чај ќе биде збогатен со низа попратни настани, работилници и перформанси, кои ќе и дадат посебен шарм на тридневната програма.

 

Во петок, на 14 ноември, предвиден е музички перформанс во духот на македонската етно музика, а потоа ќе следи церемонија на чај во изведба на Институтот „Конфуциј" при УКИМ, со кинески инструментален перформанс, танц, калиграфија и демонстрација на традиционални хартиени техники.

 

Во сабота, 15 ноември, фестивалот ќе продолжи со едукативната сесија „Македонскиот планински чај" во организација на Здружението „Моја фарма", каде посетителите ќе научат повеќе за култивирањето и заштитата на овој вреден вид. Истовремено ќе се одржи и работилницата „Босилек сучење врвки", инспирирана од билното културно наследство. Потоа, Ботаничката градина и студентите биолози ќе го претстават своето „научно катче" со хербариум, инсектариум и интерактивни експерименти за деца и возрасни, како и работилница „Хотел за инсекти".

 

Истиот ден ќе се одржи и работилницата „Време за чај" и „Волшебниот зелен чај" со дегустација на ЛаЧа чаеви, водена од фармацевтот Соња Станковиќ.

 

Недела, 16 ноември, ќе биде исполнета со уште една серија активности во знакот на чајот и природата. Институтот „Конфуциј" ќе ја претстави повторно кинеската церемонија на чај, музички перформанси и работилници за калиграфија и традиционални техники на хартија. Денот ќе заврши со креативната работилница „Сапунче", каде посетителите ќе имаат можност сами да изработат сапунчиња од природни состојки.

 

„Фестивалот на чај", кој годинава одбележува 10 години е место на среќавање на природата, науката, уметноста и културата, каде секој љубител на чајот ќе може да ја „вкуси хармонијата на билките" – симфонија од ароми, бои и инспирација.



#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...