Настанот се одржа во центарот на Прилеп...
Ноември е прогласен за месецот на книгата. Велат дека пишаниот збор неможе да проговори, но од него можеме многу да научиме, а всушност тој е проглаен и за „најсилното“ и „најмоќното“ оружје.
По повод месецот на книгата викендов во Прилеп од Здружението за образование, наука и култура „ЗОКУМ“ од Прилеп за прв пат ја спроведоа акцијата за подарување на книги на граѓани кои во тој момент беа во центарот на Прилеп.
ЗОКУМ во соработка со ученици и наствници од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ и ООУ„Блаже Конески“-Прилеп на граѓаните им поделија околу 250 книги од различни жанрови. Целта беше да се промовира книгата како незаменливо средство за наобразба, а и да се поттикне читањето како важна човекова активност.
Имено, насатанот беше со мотото „ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка“.
„Во соработка со граѓаните, културните, образовните и научните институции, со други граѓански организации и со медиумите ЗОКУМ и понатаму продолжува со низа на активности од областа на образованието, културата и уметноста“-велат од ЗОКУМ
Инаку, од ЗОКУМ граѓаните заедно со нивните книги и книгозастанувачите кои покрај книгите се исто така подарок ги покануваат на шестата по ред музичко-поетска вечер „Љубење со стихови“ која ќе се одржи на 13.11.2025 година (четврток) во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп и е со почеток од 19:30 часот.
#Магазин


Коментари
Постави коментар