Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена изложбата „Украс“ од уметничката Марјана Костојчиноска-Узунчева

Изложбата е поставена во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Синоќа во Ликовна Галерија од НУЦК"Марко Цепенков"во Прилеп  беше отворена изложбата "Украс" од ликовната уметница Марјана Костојчиноска Узунчева,која  отвора низа актуелни прашања во врска сo позицијата и третманот на жената денес и родовата (не)еднаквост, посебно во конзервативни и патријархални општества. 

Инсталацијата се состои од навидум секојдневни предмети кои претставуваат своевиден визуелен код, како дел од нашето етнолошко богатство и културна традиција, но групирани и транспонирани на овој начин и во овој контекст се лишени од баналност и добиваат сосема поинаква, поширока димензија.

„Плетеници кои висат, килими, вазни...се само дел од предметите претставени на изложбата-инсталација, со кои се пренесува визијата на уметницата, која говори за традицијата преку сопствен современ уметнички израз“-рече м-р Каролина Мицевска,на отворањето на изложбата.

Имено, на изложбата жените членки на Здружението Преродба плетеа, вклопувајќи се амбиентот на самиот проект.. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.


#Културо

Коментари