(Фото+Видео) Хуманитарна рок забава во Прилеп со The Doctors и Sideguest

Забавата се одржа на платото под прилепската градска саат кула...

Синоќа во Прилеп се одржа хуманиатрна рок забава на која настап имаа прилепските музички групи The Doctors и Sideguest.

Средствата кои беа собрани од влезниците, а кои чинеа 100 денари ќе бидат донирани за семејствата на повредените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој се случи на 16 март 2025 година (недела). Финансиите ќе бидат донирани за повредените кои сеуште се на лекување било да е болничко или домашно.

Организатори на настанот беа кафетеријата „Чоше“, ординацијата доктор „Зероски“ , клубот „Лајонс“ и Старата прилепска чаршија.

Биљана Зероска, од ординацијата доктор „Зероски“ вели дека традиционално по трети пат се одржува оваа хуманитарна забава, а оваа година се одлучила истата да биде посветена токму на рок музиката.

„Оваа хуманитарна забава се одржува по трети пат, а на истата сме многу горди и секогаш под мотото „За подобар свет“ со цел сите да се здужиме и да направиме нешто добро. Овој пат одлучивме да биде рок забава на која ќе уживате со два рок бенда кои за вас се веќе познати The Doctors и Sideguest бенд. Влезниците се по симболична цена од 100 денари што претставува донација која што ја наменивме за преживеаните од пожарот во Кочани кои што се на лекување бо болницата во Кочани. Да бидеме горди и хумани сите заедно!“-вели Зероска.

Атмосферата со The Doctors беше само едно загревање пред атмосферската кулминација особено кај младите за време на настапот со Sideguest каде главна музичка ѕвезда е главниот вокал на групата Ангел Ѓорѓиоски или помеѓу прилепчани познат како Џеле.

Инаку, низ целата оваа хуманитарна музичко-поетска вечер не водеше познатиот актер од Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, нашиот прилепчанец и сограѓанин Игор Трпчески кој беше во улогата на водител.


#Магазин

Коментари