Пређи на главни садржај

Седмото издание на SИРНИ фестивал од 29 септември до 6 октомври пред Дом на АРМ и Котур

Локациите на фестивалот се кино салата на Котур и и платото пред домот на АРМ...

Со особена чест и задоволство Кафе и филм КОТУР го најавува седмото издание на фестивалот на филм и музика - ЅИРНИ. Со почеток од 29 Септември до 6 Октомври годинава ќе имате шанса да го проследите добро познатиот коктел од филмови со интернационална и национална селекција, 48часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на Луфтханза пред Дом на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма. 

На наше големо задоволство, покрај кино салата на КОТУР, фестивалот ќе се одржи и на Платото пред Дом на АРМ , место од големо културолошко значење за нашиот град, место кое претставуваше собиралиште на младата алтернативна сцена , а и еден од ретките, сеуште слободни јавни простори во центарот на градот. 

Фестивалот ќе се одвива во текот на седум фестивалски денови, со две натпреварувачки филмски програми од официјалната и студентската селекција, како и резултатите од 48часовниот филмски предизвик, специјална проекција на „Бабички на револуцијата“ во чест на Илинденка Петрушева, концертна промоција на албумот ,,Наше после сe“ од бендот „Занаду“, изложбата „Добредојде, добро те најдов“ на Ана В’чкова, концерт на Луфтханза, концерт на Hot Jazz Orkestar и музичка селекција од Томи Бојаџи, Давид Николовски, Миа Ѓоргиевска, Игор Спироски, Никола Димитријеќ (Double G), Бојан Јанев (Soul Case). 

Официјалната филмска програма вбројува доста скопски премиери на домашните филмови „Нова енергија“ во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ, „Избор“ во режија на Марко Црногорски, „Остров“ во режија на Бранко Костески, „Зајак“ во режија на Ханис Багашов и „Сенките на месечината“ во режија на Тина Величковиќ. 

И оваа година официјалната селекција на кратки филмови ќе се натпреварува за наградата „Данчо Чеврески” поддржана од пријателите на фестивалот Халк банка. Дополнително студентска селекција ќе се натпреварува за најдобар студентски филм, а целосната филмска програма ќе се натпреварува за најдобар филм според публиката. Жирито го сочинува истакната група филмски професионалци: режисерката Дина Дума, актерката Кристина Леловац и режисерот Трифун Ситниковски. Покрај официјалната програмата, по трет пат ќе се одржи и 48часовниот филмски предизвик и филмовите од истиот кои ќе се натпреваруваат за најдобар филм од предизвикот, со жири комисија во состав: Игор Христов - режисер, Горјан Атанасов - монтажер и Слаѓана Вујошевиќ - актерка. 

Овогодишното издание на SИРНИ е овозможено од безрезервната поддршка на пријателите од Македокс, Трн мк, Саманта ДОО, Скопско, Винарија Тиквеш и Халк Банка. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи на Кафе и филм КОТУР и Ѕирни, како и на вебсајтот dzirnifestival.com

Влезот за целосната програма на ЅИРНИ 7 е слободен. 


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...