Пређи на главни садржај

Концерт на Дорис Драговиќ и Петар Грашо на 14 март во Скопје

Концертот е во арената „Борис Трајковски“ во Скопје...

На 14 март 2026 година, Дорис Драговиќ и Петар Грашо за првпат ќе одржат заеднички концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски", носејќи спектакл кој ќе биде симбол на љубов, емоција и чиста музичка магија. Две музички легенди, две различни генерации, една сцена и една вечер што ќе влезе во историјата.

Дорис Драговиќ, дамата која веќе со децении владее со својата моќна интерпретација, ќе го врати сјајот на најубавите балади кои се врежани во колективната меморија на целиот регион. Од другата страна, со истата сила и страст, на сцената ќе застане Петар Грашо, миленикот на публиката и човекот кој со секоја песна создава нови химни за современата генерација.

Нивниот заеднички концерт ќе биде спој на искуство и свежина, на вечни класици и модерни хитови. Тоа ќе биде ноќ во која публиката ќе патува низ времето, од балканската естрадна ера која ја бележеше Дорис, до денешните хитови што го дефинираат звукот на новото време со Грашо.

Една бина, два гласа, две различни музички епохи и еден град кој ќе биде сведок на концерт за паметење. Раскошната емоција на Дорис Драговиќ и неповторливата харизма на Петар Грашо, на 14 март ќе создадат вистинска музичка магија!


Овој концерт е повеќе од календарски датум или уште еден настан. Ова ќе биде симбол на еден момент кога две различни кариери се испреплетуваат за да создадат нешто ново и уникатно.

Како што Дорис со децении е доказ дека вистинската уметност никогаш не старее, така и Грашо е доказ дека музиката секогаш може да биде свежа и модерна. На 14 март тие ќе се сретнат за да докажат дека музиката нема граници, ни генерациски, ни географски.

Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5687


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...