Пређи на главни садржај

Нова стремежна пловидба низ пишаниот збор - објавен новиот број на Стремеж

Списанието „Стремеж“ е дел од литературно-издавачката дејност при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Од печат официјално излезе најновото издание на списанието за литература, уметност и култура Стремеж, кое едел од литературно-издавачката дејност при НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп.
Овој прв број во 2025 година, едновремено е и прво издание уредено од новата уредничка редакција на списанието: Александар Војнески (главен уредник), Владимир Мартиновски (уредник), Давид Стојаноски (уредник), Наташа Атанасова (уредник) и Виктор Јованоски (технички уредник).
изајнот на насловната страница е на Катерина Трајановска, а јазичната редакција (лектура) на Христина Ангелеска-Мијоска.
Новиот број на Стремеж содржински донесува авторски дела и препеви поделени во неколку блока.
Во поетскиот блок на авторска поезија се застапени: Владимир Мартиновски со седум зооминијатури (Џебенбестијариум) - Гуштер и камен, Полжав без дом, Комарец, Пеперуга, Гласот на паунот, Мачја песна и Песја песна, Ана Стојаноска со три песни - Отпосле тишината, [Не]мирна и Вистина, Миладин Угреновиќ со три песни -Писание, Чекање и Мисла, Цветанка Невчева со три песни - Погрешни ноти, Биди добар човек и Анатомија на чувствата. Во блокот со препеви/преводи се застапени: францускиот поет Лорен Грисон со седум песни, избор и
препев на Владимир Мартиновски - Шепотот на живите, Аргонаут, Знак на еднаквост, Сок, Да се заврти сводот, Бело и Концерт, рускиот поет Николај Гумиљов со две песни, избор и препев на Елена Карпузовска - Жирафа и Папагал, полската поетеса Кажимјера Илаковичувна со четири песни, избор и препев на Звонко Димоски - Кога ќе проникне изворот, Исповед, Предупредување и Очекување, чешкиот поет Јан Скацел, избор и препев на Диме Митревски - Краток летен опиц, Молитва, Мали станици и Тажалка и бугарската поетеса Поли Муканова со двепесни во препев на Зоран Јакимоски - 48 часа и Во центарот на станицата.
Со прозни дела се застапени: Александар Доневски со два раскази - Елипса и Самсара и Петре Димовски со По беспатјето до животот - завитка во вреќа од волна.
Во драмскиот блок интегрално е објавена монодрамата Ложа од Марио Стојаноски.
Со блокот посветен на критики, есеи и студии се застапени Никола Пијанманов со неговиот ликовно-уметнички осврт Сенките на Гоја и Кирил Бисероски со филозофско-естетичкиот есеј Клајновото уметничко дело - меѓуестетиката и идеологијата - вели уредникот Александар Војнески Еленин.
Од редакцијата најавуваат дека до крајот на 2025 година ќе излезе уште еден, засебен, втор број на Стремеж.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...