Пређи на главни садржај

Лексикон на Давид Давидовски

Лексион на познатиот водител и новинар Давид Давидовски...

1. Кога и каде си роден?

-23 јуни 2002 во Скопје

2. Кој ти е хороскопскиот знак?

-Рак за жал

3. Опиши се со три збора.

-Емотивен, чесен, храбар.

4. Кој ти е најдобар другар?

-Вељо, Кици, Тања, Даре-Форма.

5. Кога беше твојот прв бакнеж?

-На мои 5 години.

6. Си сингл или во врска?

-Не одговарам на прашања поврзани за мојот љубовен живот. Работата ми е оргазам.

7. Кој е твојот најголем сон?

-Цел свет да ја цени и сака атракцијата-Давид Давидовски. Светска слава!

8. Кое е твоето омилено хоби?

-Пешачење, озборување и чистење.

9.Метропола во која би живеел?

-Прага!

10. Кое е најубавото патување што го имаш доживеано?

-Дубаи и Египет.

11. Кој е твојот најголем страв?

-Пистонефобија- Страв од предавство. Се плашам луѓето кои ги сакам и на кои им верувам да не jа изневерат мојата доверба и лојалност.

12. Што најмногу мразиш кај луѓето?

-Дволичноста и сите форми на хипокризијата. За жал во Македонија се изгуби искреноста, кај нас луѓето заработуваат негувајќи ја таа грда карактеристика… 

13. А што најмногу цениш кај луѓето?

-Искреноста, лојалноста. Овие доблести фигуративно ,,мене ме носат и ме соблекуваат во кревет”.

14. Кој е твојот најголем успех досега?

-Мојот најголем успех досега е што и покрај сите неправди, ограничувања и недемократски забрани со кои се соочив, успеав да ја реализирам мојата најголема желба. Тоа за мене не е само личен триумф, туку и доказ дека човек кога е истраен и верен на својата визија, може да успее дури и во најтешки околности дури и да не е партиски ,,играч” како мене.

15. Кое е најлудото нешто што си го направил?

-Ауууууууууу секој ден правам луди работи. Многу брзо се снаоѓам во тешки моменти и неприлики, таква ми е работата…

16. Ако можеш да избереш супермоќ, која би била?

-Да ја искоренам злобата од народот и да  засадам љубов и толеранција.

17. Кој е твојот омилен филм или серија?

-Омилена серија ми е ,,Погрешно време”, а филм ,,Spider-Man 2”.

18. Кој е твојот омилен музичар или бенд?

-Ненад Вржалски затоа што е шоумен, а бенд, можеби Компас. 

19. Што е првото нешто што луѓето го забележуваат кај тебе?

-Гордото одење и стилот.

20. Кој е твојот животен цитат или мотивација?

-,,Ако мислат дека сум глуп дека им помагам и дека сум добар и понатаму ќе си останам глуп”.- Давид Давидовски

21.Кое е најчудното јадење што си го пробал?

-Печени скакулци.

22. Дали веруваш во љубов на прв поглед?

-Само во таква верувам!

23. Кој е твојот најголем професионален предизвик досега?

-Да работиш милион новинарски задачи поврзани со граѓански и политички теми за неколку медиуми, па потоа да се нашминкаш и да влезеш во улога на водител на забавна програма.

25.Давид не е Давид без?

-Без телефон и цигара и брада.

26.Кафана или диско?

-Кафана! Пура, жолта, добро друштво и спонзоруша-хедонизам!



#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...