Пређи на главни садржај

Концертниот караван „МАКЕДОНИЈО, ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ" пристигнува во Гостивар

Концертот е вечерва на градскиот плоштад во Гостивар...

По успешните и емотивни вечери во Охрид, Делчево, Штип, Струмица и Битола – концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме" со полна енергија и патриотски дух вечерва патува кон Гостивар!

Во градовите ширум Македонија веќе одекнаа звуците на љубов, традиција и гордост. Илјадници луѓе се собраа под отворено небо, со едно срце и една песна – за Македонија. На последниот концерт во Битола платото пред Офицерскиот дом беше буквално претесно за публиката која ја почувствува магијата на 14. нови композиции, химни на љубовта кон татковината, а изведувачите ја испратија најсилната порака - Македонската песна живее! Сега, таа иста енергија доаѓа и во Гостивар. Затоа во среда на 17 септември со почеток од 20:00 часот на Градскиот плоштад со срце и глас, заедно да пееме за Македонија!

На сцената ќе блеснат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев – изведувачи кои секоја нота ја носат во своето срце и секој стих го посветуваат на нашата земја.

„Пеевме со љубов во Охрид, Делчево, Штип, Струмица и Битола, сега е време тоа да го сториме и во Гостивар! Песната нѐ обединува, ни дава сила и нѐ потсетува кои сме", порачуваат од Скендеровски продукција, организаторите на оваа музичка мисија.

Гостивар и гостиварци подгответе се за вечер исполнета со љубов, традиција и заедништво. Подгответе се да пееме – за Македонија, со срце!

А патувањето продолжува! Веќе на 21 септември караванот е во Велес, на 24 во Прилеп, а на 28 во Кичево.

„Македонијо, во срце те носиме" – затоа што песната е нашата душа, а Македонија е нашата инспирација!


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...