Пређи на главни садржај

Детскиот хор „Мали Ангели“ со концерт во центарот на Прилеп

 Концертот беше на Камената Бина во центарот на Прилеп...

Градскиот детски хор „Мали Ангели“ кој работи под капа на продукцијата „Артист Медиа“, а чиј ментор е наставничката Маја Џопа имаа извонреден концерт. Концертот се одржа синоќа на Камената Бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп.

Дечињата од хорот заедно со наставничката Џопа на сцената пред многубројната публика ги изведоа старите и безвременски хитови на Влатко Лозаноски-Лозано, Даниел Кајмакоски, Брејк како и хитовите на еден од најпознатите детски македонски хорови „Златно Славејче“.

Имено, концертот беше извонредно прекрасен со прекрасните гласови на малите ангели како и со гласовите на Матеа Николоска (солист) и Теодора Настоска (солист), а како специјални гости на концертот беа поканети и свој настап имаа Ана и Алексеј кои беа претставници од Македонија на минатогодишниот јуниорски евросонг кои се одржа во салата Саја Magica во Мадрид (Шпанија).

Нас посебно ни се допадна настапот на Матеа Николоска која во живо пред публиката го отпеа добропознатиот и признат музички хит на Јелена Томашевиќ „Оро’’, а во публиката можеше да се забележи убавото расположение, а исто така таа помалку играше и пееше заедно со членовите на хорот и гостите Ана и Алексеј.

Инаку, градскиот детски хор на град Прилеп „Мали Ангели“ постои и активно работи од 2011 година, а неговата цел е да ја развива музичката култура кај децата. Исто така да напоменеме дека Мила Москов која исто така ја претставуваше Македонија на јуниорскиот евросонг во 2019 година и Александра Трајческа која е доста популарна пејачка во Македонија музичката кариера ја имаат започнато токму од хорот „Мали Ангели’’.

 

#Магазин


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...