Пређи на главни садржај

Четири награди за претстаавата „Слепци“, претставата „12“ на МНТ ја доби наградата за уметничко остварување на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Вечерва со враќување на наградите и претставата „Вистината 2“ ќе заврши 59. МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп...

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов ја доби наградата за уметничко остварување на претставата во целина на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“. Жирито во состав Лилија Абаџиева, претседател и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ, ја додели наградата со мнозинство гласови, а на истата претстава ја додели и специјалната награда за колективна актерска игра за ансамблот на Мaкедонскиот народен театар.

На прес-конференцијата што се одржа денес во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, уметничкиот директор на МТФ„Војдан Чернодрински“ Ана Стојаноска, се заблагодари на жири-комисијата и на сите што го поддржаа фестивалот.

„59. издание на МТФ беше исклучително интересно, возбудливо со многу предизвици. Се заблагодарувам на жири комисијата. Наградата за најдобра претстава од публиката ја доби претставата „Слепци“ и прв пат имавме оценка 5.00 од публиката“-вели Стојаноска.

„Чест ми е што бев воопшто од оваа комисија, ова е многу важно – мојата работа во театарот многу пати со македонската култура, сум правела претстави овде, во едни од најзначајните театри, колку што ги ценам наградите по светот, толку и наградата за режија што сум ја добила во Македонија“- рече Абаџиева.

“Ова не го кажувам за да ве запознаам со себе, ама да кажам дека уметноста гради мостови кои политичарите не можат да ги изградат. Овие културни мостови кажуваат дека уметниците немаме предрасуди“-додава Абаџиева, при што ја пофали театарската игра на актерите од претставата „12“ но пред се’ го пофали режисерот Синиша Ефтимов кој создава навистина убава ситуација.

„Актерско достигнување на секој еден актер од екипата, дава претстава на системот на Станиславски и методот на Ли Стразберг, за автентичното живеење на сцената, би кажала, по учебник. Екипната актерска работа во претставата „12“ ни говори за театарот тука и сега. Тоа се бескрајно талентирани актери со големо партнерство, но се гледа и борба меѓу нив или со јазикот на филмот – тоа е како да имаме еден филмски кадар. Секој актер е дел од таа исклучителна работа, создава атмосфера и чувство на публиката како да сме воајер“-истакна Абаџиева.

Членот на жирито Иван Меденица посочи дека има чувство дека македонскиот театар е во криза и дека за 60.издание треба да се отвори ова прашање, а одека пак Нела Оташевиќ ја пофали организацијата на фестивалот, волонтерите и целиот тим.

Наградите од на фестивалот се следни:

1.Награда за рекламен материјал со мнозинство на гласови  се додели на Медина Хоџа за рекламниот материјал од претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар  – Скопје.

2.Награда за кореографија и сценски движења со мнозинство на гласови се додели на актерот Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на Народниот театар  „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.

3.Награда за музика „Филип Стевановски“ едногласно се додели на Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.

4.Награда за костимографија едногласно се додели на Самка Фери за костимите во претставата „Ричард III“ во изведба на Националната истанова „Албански театар“ – Скопје.

5.Награда за сценографија едногласно се додели на Валентин Светозарев за сценографија во претставата „Рацин“ во изведба на Националната установа  Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, Велес.

6.Награда за современа сценска драматизација и адаптација едногласно се додели на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на Националната установа  Народен театар – Битола.

7.Награда за современ драмски текст со мнозинство на гласови се додели на Ана Ристоска-Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на Националната установа „Драмски театар“ – Скопје.

8.Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ со мнозинство на гласови се додели на актерот Атанас Атанасовски за улогата на Оскар Медисон во претставата „Пар-распар“ во изведба на Националната установа „ Театар Комедија“- Скопје.

9.Наградата за млада актерка едногласно и припадна на актерката Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата „Слепци“ во изведба на Националмата установа „Турски Театар“ – Скопје.

  1. Награда за женска епизодна улога со мнозинство на гласови се додели на актерката Маја Љутков за улогата на Гвендолин Пиџн во претставата „Пар распар“ во изведба на Националната установа Народен театар  „Комедија“-Скопје.

11.Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ со мнозинство гласови се додели на актерот  Оливер Митковски за улогата на 10 во претставата „12“ во изведба на  Националаната установа  „Македонски народен театар“- Скопје.

12.Награда за главна женска улога едногласно се додели на Марија Минчева- Андонов за улогата на Мајката во претставата  „Сите прекрасни нешта“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.

13.Награда за главна машка улога едногласно се додели на Мартин Мирчевски за улогата на Доне Совичанов во претставата „Црно семе“ во изведба на Националмата устаова  „Народен театар“- Битола.

14.Награда за режија со мнозинство гласови се додели на Ќендрим Ријани за режијата на претставата „Слепци“ во изведба на Националната установа „ Турски театар“ – Скопје.

15.Награда за уметничко остварување на претставата во целина со мнозинство гласови се додели на ансамблот на Националната установа „Македонски народен театар“ за уметничко остварување во претставата „12“.

* Специјална награда за колективна актерска игра едногласно се додели на ансамблот на Националната установа „Македонски народен театар“ – Скопје за претставата „12“.

Инаку, со врачувањето на наградите и со изведба на претставата „Вистината 2“ на Театар „Комедија“-Скопје  вечерва ќе биде спуштена завесата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ и со тоа и официјално ќе заврши овогодишниот театарски фестивал во Прилеп.

Покровители на 59. издание на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“, а негови спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...