Пређи на главни садржај

Со доделувањето на наградите за животно дело и претставата „12“ беше отворено 59 издание на МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

Нагарада за животно дело добија актерите Снежана Конески-Руси, Гоце Тодороски и Соња Михајлова...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп со претставата „12“ беше отворено 59 издание на МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп. Свеченото отворање беше синоќа на големата сцена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а истото започна со свеченото доделување на наградите за животно дело на актерите Снежана Конески-Руси, Гоце Тодоровски и Соња Михајлова.

Снежана Конески-Руси за наградата вели дека додека ги допирала сценските штици значи дека постоела и затоа ја добила наградата, а и била радосна и горда за истата.

„Веста за наградата за мене беше изненадување не сум очекувала такво нешто, бидејќи сум заборавила на наградите, повеќе мислам на следните проекти и актери. Ова е како ново чувство кое прв пат го доживувам, а во домот веќе по трет пат реално кажано но штом штиците ги допрам значи дека постојам и ја добивам нагарада. Радосна сум и горда.“-вели Конеска-Руси.

Актерката Соња Михајлова за наградата вели дека наградата за животно дело и значи дека оставила некаква трага врз културната театарска уметност која е дел од културниот идентитет на Македонија.

„За мене овој фестивал е пред се’ празник и вреднување на театарската уметност и влогот на театарската уметност и театарските уметници. Како дел од културниот идентитет на Македонија и од таа причина секако дека и оваа награда за животно дело ми значи дека сум оставила некаква трага врз културната театарска уметност која е дел од културниот идентитет на Македонија.“-вели Михајлова.

Актерот Гоце Тодорвски за наградта вели дека е задоволен од истата, а според него наградите се признанија на тоа што го работиш дека го работиш успешно.

„За наградта сум многу среќен, радосен, задоволен. Истата е признание и резултат на тоа што сум го правел досега на општо задоволство мое и на публиката, а јас со мене си го носам и знакчето дека имам добиено ордан од претседателот на Република Македонија. Наградите се добри признанија на тоа што го работиш дека го работиш успешно.“-вели Тодоровски.

Уметничкиот директор на фестивалот Ана Стојноска вели дека фестивалот во Прилеп носи многу настани и театарски претстави.

„Фестивалот носи многу настани и претстави што ќе се случуваат во Прилеп. Еве конечно да почне фестивалот, да ги отвориме вратите за публиката и гледачите да дојдат да видат како е. Да ги пречекаме гостите на фестивалот и почитуваните театарски уметници“-вели Стојаноска.

На отворањето на фестивалот присутен беше и Зоран Љутков, Министер за култура и туризам кој вели дека фестивалот е најзначаен и секогаш ја добивал доволната поддршка, а според Љутков истиот треба да се врати на патеките од пред 20 години кога освен фестивал истиот бил и празник за актерите.

„Фестивалот  е нашиот најзначаен и секогаш ја добивал доволната поддршка за да се одржува, но мислам дека овој фестивал треба да се врати на патеките така како што бил пред 20 години. Фестивалот не е обичен, а пред многу години фестивалот „Војдан Чернодрински“ беше и празник за сите актери. Јас од 18 годишна возраст сум доаѓал тука и сите бевме сместени додека трае фестивалот во „Липа“ и се дружевме со другите колеги, а сите театри во Македонија беа затворени во тој момент и беа преселени овде во Прилеп и Прилеп беше духот на театаарските случувања.“-вели Љутков.

Посетителите на фестивалот едногласни за тоа дека истиот треба да продолжи да се одржува, а според нив Прилеп по фестивалот бил препознаен и надвор од Македонија.

„Чест посетител сум на театарот, а традиционално фестивалот значи премногу за градот особено за културата. Сакаме и понатаму да продолжи како традиција  со оглед на тоа дека има и немили настани но се надевам дека се ќе биде во најдобар ред.“-вели посетител на фестивалот.

„Јас на фестивалот сум присутна секоја година, ако не за отворањето за некоја претстава сигурно . Кога имав повеќе слободно време одев на сите претстави, а на времето имаше и студентски во 10 во 12 така да ги гледавме сите. Мислам дека треба да продолжи традицијата на фестивалот, а на Прилеп му треба нов театар за да може сите тие таленти да се промовираат на некој начин“-вели посетителка на фестивалот.

„Фестивалот е карактеристично обележје на Прилеп кој веќе по 59 пат се одржува овде во Прилеп. Мислам дека Прилеп и надвор од Македонија го препознаваат по театарскиов фестивал. Јас сметам дека фестивалот треба да продолжи вака, а ако има можност добро би било да има и странски претстави.“-вели посетител на фестивалот.

Претставата „12“ која што е во режија на Синиша Ефтимов, а во продукција на Македонскиот народен театар во Скопје и во која улогите ги толкуваа актерите: Ѓорѓи Јолевски, Горазд Цветковски, Тони Мајловски, Сашко Коцев, Игор Џамбазов, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Тања Ивановска го отвори овогодишното 59 издание на фестиавлот.

Инаку, на овогодишното издание на МТФ„Војдан Чернодрински“ има 9 престави во официјална селекција од неколку театри од Македонија и 4 претстави во независна продукција, а има и нова програма насловена „Драмолетање“. Годинава фестивалот е под мототот „Смеј се и осмели се“, а фокусот е на тројца актери Благоја Спиркоски-Џумерко, Благоја Ристески-Платнар и Кирил Ристовски.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...