Пређи на главни садржај

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп в четврток ќе биде отворена изложбата „75 за 75“

 Изложбата е по повод 75 години постоење на Народниот Тетатар „Војдан Чернодрински“-Прилеп...


На 5 јуни 2025/ четврток/ од 19.30 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „75 за 75“. Автор на проектот е м-р Каролина Мицевска.

Ќе бидат изложени 75 фотографии на канвас, на која ќе бидат претставени претстави кои оставиле белег во децениското постоење на театарот „Војдан Чернодрински“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во програмата за 2025 година.

 Tеатарот „Војдан Чернодрински“, 75 години опстојува, и ќе опстојува, раскажувајќи ни за минатото, сегашноста, но фокусирајќи сé на иднината. Од сите уметности само Театарот е директен посредник со публиката и затоа ни е насушно потребен. Тој е светлина сам по себе, што свети од сите страни и е препознатлив за секој човек. Целта на театарот во сите времиња била и ќе биде, како што вели Хамлет „... да стои, како огледало пред природата, да ја покажува добродетелта со нејзиното вистинско лице, како и гадоста, на секој век во историјата - со неговиот неразубавен облик...“

А, нашиот театар, навистина низ децениите растејќи, развивајќи се, беше  различен и преку претставите отвораше многу прашања, коментираше, просветлуваше, возбудуваше, откриваше, воспоставуваше систем на вредности, брануваше…

Досега се прикажале над 350 премиери, се одиграле повеќе од 7000 претстави, кои ги гледале на 1,7 милиони луѓе.  Меѓу првите театри започна со поставување на домашните драмски текстови, па на сцената праизведби доживеале текстови од македонските драмски автори – Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Василе Димески, Петар Петрески....

Иако, театарот „Војдан Черндорински“ од 2004 година е дел од ЦК „Марко Цепенков“, сепак е драгоцено место кое раскажува приказни кои остануваат трајно врежани во историјата не само во градот, туку и во македонскиот театар.

За одбележување е што низ годините најмногу претстави режирал Благода Дамевски, вкупно 62, а по 24 пати на претстави се потпишале Коле Ангеловски и М. Стефановски. Поставени се 282 текстови, кои ги режирале 70 режисери. Авторот Б. Њушиќ е поставуван 15 пати, од кои три пати - текстот „Нажалена фамилија“, и тоа во период 1950/51, 1962/63 и 1984/85. По 8 пати на сцената се поставувани  текстови од Иљовски и Хаџиќ, па потоа Фејдо....За дел од претставите се освоени награди на меѓународни и домашник фестивали.

Театарот „Војдан Чернодрински“, како една од институциите со најдолга традиција во градот,  низ годините  има богата архива од текстови и фотографии од претстави.Фотографиите од претставите се уметност, преку кои театарот низ времето ја пренесувал, односно ја раскажувал приказната, што се случувало на сцената. Тие беа редовен сопатник на секоја претстава одиграна на сцената од театарот. Илјадници фотографии, се дел од архивата на театарот „Војдан Чернодрински“ , која се  дигитализира и ќе биде достапна за јавноста. Мал дел од тие фотографии, почитувани, сега се пред вас. Заради симболиката, 75 години театар,  одбравме 75 фотографии да ја отсликаме 75 годишнината  од опстојот и растежот на театарот. На поставката со фотографии на канвас, презентирани се моменти од претстави наградувани низ годините, претстави кои оставиле белег во историјата на театарот „Војдан Чернодрински“ и од претстави кои биле најдолго на репертоарот и биле најгледани.

„Се надеваме дека со овој избор,  преку фотографијата, ви ја доближивме историјата на театарот „Војдан Чернодрински“, со која Прилеп и прилепчани се гордеат“ - вели авторот на проектот м-р Каролина Мицевска.

 

#Култура


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...