Калиопи со втор голем концерт на 6 Декември во „Македонската филхармонија“

Организатор на концертите е продукцијата „Прагма“...

Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија" е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија"

Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи "100% LIVE" во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.

Влезници може да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти во Розе Веро 2, ЈК травел ви ТЦ „Бисер’’ и ЈК травел во Дајмонд Мол, а истите може да се набават и он-лајн на веб-страната на Купи Карта (набавка на влезници за концертите на Калиопи)


#Естрада

Коментари