Уметничко-музички настан „Детски цртеж и филмска музика“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

 Настанот е во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Уметничко-музички настан под наслов „Детски цртеж и филмска музика“ во Прилеп. Настанот ќе се одржи на 20 Јуни 2025 година (понеделник) од 19 часот во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

На настанот уметничките фотографии и цртежи ќе имаат изложено младите уметници и членови од Атељето Артика од Прилеп кои се под менторство на Елена Димоска и Методи Исков, професионални уметници и професори по ликовна уметност.

На настанот покрај изложбата на младите уметници филмска музика ќе свират Катерина Поповска (пијано), Илија Чакароски (гитара) и Филип Бурнески (тапани).

Инаку, влезот за настанот е слободен.


#Култура

Коментари