Концерт на Леонардо Димоски и Летиција Морети во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концерт на Леонардо Димоски и Летиција Морети во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На  23 април (среда) од 19 часот во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи концерт на виолина и пијано. На виолина ќе настапи младиот виолинист Леонардо Димоски, во пијано придружба на Летиција Морети. На програмата се дела од Stracchi, Prokofiev, Tchaikovski.

Прилепчанецот Леонардо Димоски роден  2004 год., музичкото образование го започнува на 6 годишна возраст во Прилеп во ООМУ “Ордан Михајлоски Оцка”, во класата на проф. Оливера Гемту и ментор профeсор, .Ванчо Стоилков. Oд јануари 2017 година беше под менторство на м-р професор Сихана Бадивуку. Во 2023 започнува со студирање во “MUK- Musik und Kunst Privatuniversität der Stadt Wien” со професор Павел Верников, професор Кристина Шуклар. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари: - GRAND PRIX на меѓународен натпревар “Охрид те сакам” – Охрид, 2023 - Специјална прва награда на натпреварот “Music Competition Online”- Париз, 2021 - Лауреат на натпреварот “Glasena cipka iz Idrie”- Словенија, 2021 -Трета награда на натпреварот “ODIN International Music Competition”- Швајцарија, 2021 - Втора награда на натпреварот “Constantine The Great”- Србија, 2021 -Трета награда на натпреварот “Inernational Moscow Music Competition”- Москва, 2021 -Втора награда на “Persatuan Chopin Malaysia music competition”- Малезија, 2021 - Лауреат на меѓународен натпревар POLYHYMNIA- Скопје, 2019 -Специјална прва награда на државен натпревар – Скопје, 2019 -Специјална прва награда на меѓународен натпревар ARSKOSOVA EDICIONI 15- Приштина, 2019 -Прва награда на меѓународен натпревар PJETER GACI – Албанија, 2018 -прва награда на меѓународен натпревар ARSKOSOVA EDICIONI 14- Приштина, 2018 - прва награда (special prize) на меѓународен натпревар POLYHYMNIA- Скопје, 2018 -прва награда на државен натпревар- 2018 -прва награда по теорија на музиката на државен натпревар - 2018 - специјална прва награда на меѓународен натпревар POLYHYMNIA- Скопје, 2017 -прва награда на државен натпревар - 2017 -прва награда на меѓународен натпревар ARSKOSOVA EDICIONI 13 – Приштина, 2017 - втора награда на меѓународен натпревар PJETER GACI – Албанија, 2017 -трета награда на меѓународниот конкурс за виолинисти “Недаљка Симеонова “- Бугарија, 2017 -финалист на “Sarajevo Southeat European Violin Competition”( 4 награда )- Сараево, 2017 -прва награда на државен натпревар - 2016 -трета награда на меѓународен натпревар” Охридски бисери” – Охрид, 2016 -прва награда на Државен натпревар - 2015 -втора награда на меѓународен натпревар за млади музички и балетски таленти – Скопје, 2015 -втора награда на меѓународен натпревар на млади музичари “Охрид те сакам” – Охрид, 2015 -трета награда на меѓународен натпревар во Ниш, 2015 -втора награда на државен натпревар – 2014 Самостоен концерт во склоп на “Concerti del Tempietto” - Рим Концерт на камерна музика во Битола, 2023 Настап со Македонска Филхармонија во Скопје, 2023 Самостоен целовечерен концерт во Битола, 2023 Самостоен целовечерен концерт во Скопје, 2023 Настап во склоп на мастерклас во Клагенфурт – 2023 Мини концерт во склоп на културната манифестација “ XXVIII РАШКЕ ДУХОВНЕ СВЕЧАНОСТИ”- Србија 2022 Станува дел од фондацијата “Spivakov”- 2021 Лауреат на фондацијата “Томислав Зографски”- 2020 Настап со Македонска Филхармонија во Скопје – мај, 2019 Солистички концерт во Прилеп, Јули 2019, солистички концерт на Kosova Kamerfest во Приштина 2019 Прв самостоен солистички рецитал - март 2017 год. во Прилеп. Учествувал на” Виолин Фест” – Скопје, во 2016, 2017, 2018, 2019 и 2023 година Учесник е на Третата меѓународна конференција “Образование преку граници” – Битола, учесник е и на Новогодишните хуманитарни концерти на Педагошкиот факултет во Битола.

Посетувал семинар по виолина кај доцент м-р Михаило Куфојанакис, професор Paul Rochek( Austria), Тedi Papavrami (Geneva) и м –р Владимир Марковиќ (Србија), проесор. Ronny Spiegel (Швајцарија), професор Kirill Troussov (Германија), професор Dmitri Berlinsky (Русија) професор Аnna Morgoulets (Русија), професор Павел Верников (Украина) и  професор Светлана Макарова (Русија).


#Култура

Коментари