Пређи на главни садржај

Џез вечер со Клод Болинг во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

 Концертот е во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Џез вечер со Клод Болинг ќе се одржи вечерва со почеток од  19 часот во фоајето од НУЦК „ Марко Цепенков“-Прилеп. Ќе настапи TOOT QUARTET во состав на Стојанче Косовски (труба), Емилја Кабранова-Филипова (пијано) Зоран Павлоски (контрабас) и Филип Шурбевски (тапани).

Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките, каде трубачот свири на 5 различни труби.Toot quartet концертираат од 2020 година.

Клод Болинг роден на 10 април 1930 година, е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач. Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез пијано. Тој има големи заслуги за  традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите и се дружел со Оскар Петерсон.Пишува музика за 75 филмови, 44 музика за телевизиски серии,  музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика. Болинг е исто така познат по серија соработки на „кросовер“ со класични музичари. Неговата свита за флејта и џез пијано трио со Жан-Пјер Рампал, мешавина од барокна елеганција со модерна нишка, е топ селер долги години, а потоа и другите дела во тој стил. Бил особено популарен во Соединетите држави, на врвот на хит-парадата две години по објавувањето и на најдобрите 40 на Билборд за 530 недели, приближно десет години. После неговата работа со Рампал, Болинг продолжи да работи со многу други музичари, од различни жанрови, меѓу кои и гитаристот Александре Лагоја, виолинистот Пинчас Зукерман, трубачот Морис Андре и виолончелистот Јо-Јо Ма. Тој исто така работел и имал почит на многу други, вклучувајќи ги и Лионел Хемптон, војводата Елингтон, виолинистот Стефан Грапели, Џанго Рајнхард и Оскар Петерсон.

Стојанче Косовски, од 2005 година е првтрубачнаМакедонскатаопера и балеткадеработидоденес.СоработувалсоВоениоторкестарна Р. Македонија,Македонскатафилхармонија, ГрадскидувачкиоркестарнаСкопје и Битола и Камернаta опера - Битола, настапувал со Младинскиот оркестар на Јапонија во Виена. Учесник на многу семинари и натпревари. Бројни настапи како солист, со оркестри и дел од камерни состави низ цела Mакедонија, Србија, Бугарија, Турција.

        Емилија Кабранова Филипова, активна на музичката сцена како солист, камерен музичар, пијано придружник. Дел од камерните состави “Ad libitum” trio сокое издаваат ЦД,PezzanovPiazzolla Project, Toot quartet. Настапува ширум Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово на бројни фестивали како:”Skopje summer”,Skopje street music festival”, “Chamber fest Durres”-Драч, Меѓународен фестивал за класична музика”Врњци”-Врњачка бања, “Balchik classic days”-Балчик, ”Festival Polyhimnia”итн.

        Зоран Павлоски, контрабасист во оркестарот при Mакедонската опера и балет, активен на домашната и странската сцена преку 25 години, составен дел од многу џез, класични и етноворлд состави од земјава и странство.Партиципант е во повеќе од 30 цд и лп изданија. Свири на инструменти што ги изработува самостојно и многу светски контрабасисти свират на инструменти изработени на него.Тој е прв контрабас во еминентниот камеренор оркестар ,,Скопскисолисти“. Покрај тоа, свири и на уникатен петжичен пиколоконтрабас (chello-bass). Истотака, тој е и единствениот претставник одз емјава во светски реномираното International Double bass society.

       Филип Шурбевски, Вработен во оркестарот наМакедонскат опера и балет како прв тим панист до денес, исто така хонорарно соработува и со националната филхармонија и дувачкиот оркестар на градСкопје, соработувал со камерниот состав Св. Софија, камерниот состав за современа музика, Битолскатака мерна опера.Филип Шурбевски го создава Езгијатр и специјализиран состав за чалгиска музикака де се редат бројни настапи во Македонија, Европа и СоединетитеАмерикански Држави.Одосновањето е прв тим панист во оркестарот за филмска музика    F.A.M.E.S. –Скопје.


#Култура


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...