Пређи на главни садржај

Музичарот Игор Димовски со нова „Пауза за ракија 4“ (фото+видео)

Музичарот Игор Димовски неодамна ја издаде својата „Пауза за ракија 4“...

Кога музиката и визуелната уметност се спојуваат во совршен баланс, резултатот е проект што не само што се слуша, туку и се доживува. Токму такво искуство носи најновото, четврто издание на серијалот „Пауза за ракија“, идејно и авторско дело на познатиот македонски музичар, хармоникаш и продуцент Игор Димовски.

По три успешни продолженија, Димовски повторно ја подигна продукциската летва, креирајќи проект што од прва сцена го освојува гледачот. Новото издание беше објавено на 2-ри април на неговиот официјален YouTube канал, а со него пристигна и вистинско изненадување – овојпат без претходни најави, без тизери, само чисто уживање во неповторливата атмосфера што го карактеризира серијалот.

Централното место во приказната го зазема живописниот предел на Охридското Езеро, со фокус на „Островото“ кај Свети Наум, каде што веселото друштво ги претставува осумнаесетте внимателно избрани музички нумери. Секој кадар носи топлина, ведрина и духот на македонската традиција, прикажан низ динамична режија и актерски ангажман што му дава дополнителна живост на проектот.

Како што доликува на ваков формат, сè започнува со домашна препечена ракија – симбол на македонското гостопримство. Димовски овојпат се појавува и како актер, внесувајќи доза на хумор во приказната што низ целата епизода го држи вниманието на гледачот. Не недостигаат комични моменти, неочекувани пресврти и на крај – неизбежниот хепи-енд.

Визуелниот аспект е подеднакво значаен како и музичкиот – сцените од Охрид, Свети Јован Канео, Трпејца и ноќната атмосфера на градот му даваат на проектот посебен шарм и чувство на патриотска гордост. Секој детал е внимателно осмислен, а магијата на локациите го прави „Пауза за ракија 4“ вистинска разгледница од Македонија.

Звукот, продукцијата и аранжманите, како и монтажата, се комплетно во режија на Игор Димовски, со звук снимен во Studio Record ID Akustik, а финалниот мастеринг направен од Таљко Грујовски. Посебен акцент е ставен на изборот на статисти, чии природни реакции и харизма ѝ даваат живот на целокупната атмосфера.

Иако има забелешки за послабата застапеност на бендот во одредени кадри, тоа не го намалува ефектот на проектот, кој со сигурност ќе ги освои љубителите на македонската музика. „Пауза за ракија 4“ не е само продолжение – тоа е еволуција на еден уникатен музички формат кој со секое ново издание ги надминува очекувањата.

Во продолжение слушнете ја новата „Пауза за ракија 4“ на Игор Димовски.

Изор на информации: Музика 24

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...