Пређи на главни садржај

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп изложба Let’s Talk About Plan(t)s, Baby!(Ајде да си зборуваме за растенија!)

Изложбата ќе биде отворена во петок во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 4 април 2025 година (петок) од 19.00 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата Let’s Talk About Plan(t)s, Baby!(Ајде да си зборуваме за растенија!) од прилепската умeтница Елена Димоска Николоска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во годишната програма за работа на прилепскиот  Центарот  за култура во дејноста визулени уметности.

„Let’s Talk About Plan(t)s, Baby!“ е уметнички проект кој ја истражува убавината и упорноста на природата, наспороти човечката летаргичност и занемарување. Овој проект се фокусира на двa специфични новоизградени објекти во Прилеп, основно училиште и градинка, кои покрај тоа што веќе неколку години се изградени, до сега воопшто не се користени за нивната наменета цел.Наместо со детскиот глас и насмевки, дворовите на овие објекти се исполнети со разновидни растенија. Додека и двата објекти полека се распаѓаат, а многу деца и родители  го очекуваат отворањето на овие објекти, природата величествено процветала во отсуството на човечко присуство. Проектот ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и упорната способност на природата да ја пополни празнината. Покрај илустрирањето на човечкото занемарување, проектот покажува како природата наоѓа начин да даде цел на овие напуштени места, трансформирајќи ги во живописни градини и шуми.

Дополнително, „Let’s talk about plan(t)s, Baby!“ го потенцира и концептот на игнорирање на „слонот во просторијата“—во овој случај, новите, а веќе остарени, несудени образовни институции. Често, ние луѓето се фокусираме само на она што е директно пред нас, игнорирајќи и прескокнувајќи значајни проблеми кои лежат само малку подалеку од нашата непосредна перцепција.

Проектот ги поттикнува гледачите подлабоко да размислат, со тоа што повторно ќе се фокусираат на малите, „убави“ проблеми кои виреат околу она што треба да им биде во главен фокус, но, и да ѝ посветат внимание на природата, почитувајќи ја нејзината непокорлива способност да создаде нешто и таму каде што скоро и да нема ништо.

Елена Димоска Николоска е родена во 1994 г. во Прилеп, Република Северна Македонија. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2017 година, оддел – ликовна педагогија со сликарство. Во моментов е студент на магистерски студии на Факултет за ликовни уметности - оддел Скулптура, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во нејзината уметничка работа, главен фокус се социјални теми кои ги третира преку сликарството како главен ликовен израз, а од неодамна истражува со скулптурата, како и со новите ликовни медиуми. Моментално живее и работи во Прилеп како наставник по ликовно образование.

Годишни изложби на Димоска Николоска се 

Годишна изложба Ателје Артика, Ателје Артика – Прилеп (2024 година)

Годишна изложба Ателје Артика, Ателје Артика – Прилеп (2023 година)

Годишна изложба Ателје Артика, Ателје Артика – Прилеп (2022 година)

„Цртеж и вино“, Ателје Артика – Прилеп (2021 година)

Димоска Николоска има учевствувано и на Ликовно – истражувачки проект „Темно“  предводен од наставниците на катедрата за ликовна педагогија на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2017 година.
Групини изложби каде што има учевствувано Димоска Николоски се 
Избери ме“ – Кафе-Галерија Лувр – Прилеп (2024 година)

„Современата уметност како инспирација за идните генерации“ – НУ Завод и Музеј -  „Алегорични фрагменти“ – Ликовна Галерија Марко Цепенков, Прилеп (2024 година)

 „Годишна изложба на ДЛУП“ - Фоаје Марко Цепенков, Прилеп (2023 година)

 „Под нулата“ – Ликовна Галерија Марко Цепенков, Прилеп (2024 година)

„Креации од ноќта – уметност инспирирана од соништата“ -  Ликовна Галерија Марко Цепенков, Прилеп (2023 година)

 „Прва Трајна Поставка на Дела од Прилепски уметници“ – Градска Библиотека Борка Талески, Прилеп (2023 година)

 „Годишна изложба на ДЛУП“ Ликовна Галерија Марко Цепенков, Прилеп (2022 година)

 „Цртеж и вино” Ателје Артика, Прилеп (2021 година)

„Годишна изложба на ДЛУП” Ликовна Галерија Марко Цепенков, Прилеп (2021 година)

 „Годишна изложба на ДЛУП“ Ликовна Галерија Марко Цепенков, Прилеп (2020 година)

 „Матијас беше тука“ Галерија ФЛУ, Скопје (2019 година)

 „Традицијата е код, традицијата е течение“ Ликовна Галерија Марко Цепенков, Прилеп (2018 година)

„ДЛУП Совреме(н)“ НУЦК Марко Цепенков, Прилеп (2018 година)

Ликовен проект „Темно“, галерија ФЛУ, Скопје (2017 година)

Интернационален саем за уметност „Паратисима Скопје“ – МКЦ, Скопје (2017 година)

Изложба на студентска графика  „Драгутин Аврамовски – Гуте“, галерија ФЛУ, Скопје (2015 година).

Изложбата на Димоска Николоски во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе може да се погледне до 13 април 2025 година.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...