Пређи на главни садржај

Вечерва во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата Арте(фициелни) факти од уметничката Марија Трпеска

 Изложбата е во ликовната галери од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

           Вечерва со почеток од 18.00 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Арте(фициелни)факти во проширена реалност“ од уметницата Марија Трпеска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во програмата за 2025 година.

Проектот „Арте(фициелни)факти во проширена реалност“се фокусира на Ромите и ромската култура, стереотипите поврзани за Ромите и колку се тие прифатени и видливи во општеството како рамноправни граѓани во нашата држава. Работејќи со нив, она што можев да го искусам е дека иако можеби кај нас со закон се утврдени нивните права како етничка заедница, сеуште секојдневно се жртви на дискриминација, расизам, говор на омраза и повреда на човечкото достоинство не добивајќи еднаков третман во општеството во однос на останатите етнички заедници коишто живеат во нашата држава.Оваа отфрленост и нееднаквост може да се забележат во различни аспекти од нивниот живот, вклучувајќи го пристапот до образование, здравство, вработување и социјални услуги. Еден од најголемите предизвици е токму нивната невидливост и маргинализација во општеството, што дополнително ги комплицира нивните обиди за интеграција и еднаков третман. Имајќи го во предвид фактот дека ромската заедница има само нематеријално културно наследство, проектот почна да се развива комплексно и ми го отвори главното прашање за тоа како да се создаде продукција која ќе зборува за афирмација и прифаќање на различноста на Ромите како заедница, без обид за „еманципација“ или реобликување на наративите за нивната не толку наклонета судбина низ историјата и нивниот рецентен живот; како да се создаде  поинаква реалност од онаа што претставува стереотип за Ромите и нивниот начин на живеење.

Од етички аспект, истражувањето е водено од принципите на репрезентативна правда, односно правото на заедниците да бидат претставени на начин што ја рефлектира нивната реалност и нивните перспективи. Во процесот на собирање податоци и создавање на дигитални артефакти, главен приоритет беше да се избегне екплоатација на заедницата или сензационализирање на нејзините предизвици. Наместо тоа, се избра пристап кој ја нагласува агендата на поединците и заедницата – нивната историја, нивната борба за права и нивните креативни можности.

„Проектот „За сите засегнати: Арте(фициелни)факти во проширена реалност“ е резултат на мултидисциплинарен пристап кој ги комбинира дигиталните технологии, уметничката практика и општествено ангажираната истражувачка методологија. Истражувањето се потпира на концептот на културно мапирање, каде што симболите, наративите и дигиталните артефакти се користат за да се постават нови културни обележја на мапата на јавната меморија. Во овој процес, методологијата вклучува анализа на постоечките стереотипи и репрезентации за Ромите, но и активно создавање на нови прикази кои ја преиспитуваат оваа реалност. Мотивацијата за ова истражување произлегува од потребата за преосмислување на сликата за ромската заедница, која честопати е сведена на маргинални или негативни претстави. Наместо да се прифати постојниот статус кво, проектот има за цел да отвори нов простор за размислување и перцепција – преку проширена реалност, дигитални медиуми и автономни платформи кои го надминуваат традиционалниот галериски и институционален простор. На овој начин, тој создава нови точки на видливост за заедницата и нејзините членови, во контекст кој не е контролирано дефиниран од надворешни фактори - вели уметницата.

Поставката ја сочинуваат видеа, фотографии и објекти, реализирани со соработници и ко-автори на проектот кои ја доловуваат проширената реалност која не е стереотип за Ромите и ромската заедница, напротив, уметничката продукција ќе се обиде да ја претстави онаа страна на заедницата на која многу малку и се обраќа внимание: успесите, заложбите, изминатиот пат во борба со системот и надежта за подобро утре.

Марија Трпеска дипломирала на Фaкултетот за ликовна уметност во Скопје во 2017 година отсек ликовна педагогија со сликарство. Во моментот е на постдипломски студии на ФЛУ Скопје - отсек сликарство. Нејзината уметничка работа има интердисциплинарен карактер. Третира социјални теми и преку нејзините дела дава на значаење на личности или групи кои се поврзани со уметноста, потенцирајќи ја нивната уникатност, важност и улога во општеството. Добитник е на наградата „Четирите мајстори на модернизмот“ во 2017 година


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...