Пређи на главни садржај

K-POP FOREVER! – Глобалниот K-POP спектакл пристигнува во Скопје на 28 февруари 2026

 Настанот ќе се оджи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје...

Во Скопје пристигнува мултимедијалниот спектакл K-POP FOREVER - шоу што ја слави најголемата музичко културна револуција на 21. век. Македонската публика ќе има ексклузивна можност да го доживее овој глобален феномен на 28 февруари 2026 во арената „Борис Трајковски".

По огромниот успех на првите настапи во Даблин, Корк и Белфаст, каде што во секој град беа распродадени три концерти уште во претпродажба, шоуто продолжува да ги освојува најголемите европски арени. Скопје е меѓу избраните градови што ќе бидат дел од оваа престижна турнеја, која ветува спектакл на највисоко светско ниво.

K-POP FOREVER! е визуелно и музичко патување низ најиконичните моменти на корејската сцена. Публиката ќе ужива во live интерпретации на хитовите што ги поставија BTS на врвот на светската поп-култура, моќната женска енергија инспирирана од BLACKPINK, експлозивните кореографии на TWICE, романтичните мелодии на MELOMANCE, како и заразната поп-експлозија на HUNTR/X и SAJA BOYS. Шоуто е дизајнирано како енергичен, инклузивен и семеен формат што ги обединува сите генерации.

Создадено специјално за најголемите арени, шоуто носи LED екрани со ултра висока резолуција, моќни визуелни и специјални ефекти, динамично осветлување и интернационален тим танчери и изведувачи кои ја пресоздаваат естетиката и сценската магија на корејските суперѕвезди. Секој визуелен и музички сегмент е осмислен да ја пренесе автентичната K-POP енергија што го освои светот.

Филмот K-POP DEMON HUNTERS, кој го инспирираше ова шоу, собра повеќе од 250 милиони прегледи во првите три месеци, што го направи најгледаниот Netflix филм на сите времиња. Саундтракот, со песни од HUNTR/X и SAJA BOYS, се искачи на врвот на Billboard 200 и веќе брои над 3,5 милијарди слушања на Spotify. Хитот Golden доби номинација за Греми во категоријата „Song of the Year".

Целата таа глобална енергија, уметничка сила и визуелна моќ се преселуваат на сцената на K-POP FOREVER! дозволувајќи ѝ на македонската публика да влезе во вистински K-POP универзум исполнет со звук, светлина, емоции и адреналин.

На 28 февруари Скопје ќе пулсира во ритамот на најголемиот K-POP спектакл што некогаш се одржал во Македонија.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд. 

#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...