Пређи на главни садржај

Концерт на Емели Санде во Скопје - Гласот што го освои светот првпат пред македонската публика

Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје...

Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски", македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот.

Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони стримови и бројни меѓународни признанија, Емели Санде е уметник со несомнен светски статус. Низ годините, нејзините песни како "Next to Me", "Read All About It", "Clown", "Beneath Your Beautiful" и "My Kind of Love" станаа химни на милиони луѓе. Таа е позната по способноста секоја нота да ја претвори во приказна, а секој настап во незаборавен момент. Нејзиниот вокал, опишан како еден од најпрепознатливите на современата сцена, носи сила, длабочина и искреност што ретко кој артист денес ја поседува.


Концертот на 7 ноември, ќе биде дел од нејзината европска турнеја, на која Емели Санде се претставува во модерно, свежо и драматично продукциско пакување. Настапот во Скопје ќе понуди врвна жива изведба со бенд, моќна продукција, визуелни елементи и сценографија, сет листа што ги опфаќа најголемите хитови и нови песни, интимни моменти во кои Емели ја открива својата уметничка душа пред публиката.

Дополнително, концертот на Емели Санде во Скопје се реализира во рамките на Scream Festival – фестивал кој обединува врвни светски и регионални уметници и носи силна културна и продукциска вредност на домашната сцена. Покрај настапот на Емели Санде, фестивалската програма ќе вклучи и други внимателно одбрани изведувачи, создавајќи неколкучасовно музичко доживување.

Скопје подолго време чекаше ваква уметничка вечер, а 7 ноември ќе биде момент кога главниот град ќе пулсира во ритамот на едно од најмоќните женски вокални имиња на денешницата. Настан што ќе ги подигне стандардите, што ќе донесе светска емоција дома и што ќе остане запаметен како едно од најубавите музички доживувања.

Една вечер. Еден глас. Еден незаборавен момент. Емели Санде на 7 ноември во Скопје. 

Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд. 


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...