Пређи на главни садржај

Регионалната музичка ѕвезда Сенидах со концерт во Скопје

Концерот ќе се оджи на 14 февруари 2026 година во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје...

Точно еден месец нѐ дели од првиот солистички, скопски концерт на регионалната музичка икона Сенидах, која на 14 февруари со себе ќе ни го донесе својот препознатлив уметнички потпис и емоција што не познава граници. Сенидах во Скопје ќе настапи на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански".

Овој датум не е случаен, тоа ќе биде вечер посветена на блискоста, искрената емоција и врската што со години ја гради со македонската публика.

По големите регионални настапи и спектакуларни продукции регионалната музичка икона Сенидах во Скопје доаѓа со концерт што е замислен како интимна, но моќна средба, како момент кога барем за една ноќ ќе постојат само таа и публиката.

„Секогаш чувствувам посебна енергија кога сум во Скопје и со нетрпение се подготвувам за оваа средба. Концертот ќе биде ноќ полна со емоции и силна музика. Едвај чекам повторно да се видиме, да пееме заедно и да ја споделиме таа енергија", порачува Сенидах.

Токму таа емоција ја носи и нејзиниот најнов музички период. Со албумот „Сен и дах", Сенидах уште подлабоко навлегува во личните теми, односите и чувството на припадност, а најновиот сингл „Ти и ја" стана симбол на блискоста, довербата и моментите што се случуваат кога музиката ги брише сите дистанци.

Позната по својот уникатен спој на R&B, трап и балканска емоција, како и по сценски настап што секогаш носи силна визуелна и аудио порака, Сенидах со години ја дефинира современата регионална сцена. Нејзините соработки со Дино Мерлин, Џала Брат и Буба Корели, Цоби, Раф Камора, како и низата хит-синглови со милионски стримови, ја вбројуваат меѓу најавтентичните и највлијателни артисти денес.

Концертот е во организација на SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје може да очекува врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција, од најтивките моменти до експлозивните рефрени што се пеат во еден глас. Ова нема да биде само концерт, туку заедничко доживување.

Влезниците се веќе достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk, и тоа по цени од 2000 денари за фан питот, 1200 за партерот, додека оние за трибините во зависност од местоположбата се движат од 1200 до 1800 денари. Влезниците во ВИП делот чинат 2500 денари.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...