„Дијамант“ е новата песна на музичарот Елвир Мекиќ...
Откако долго
време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува својата кариера онаму каде што
застана и тоа со нова песна и спот - „Дијамант“.
Станува збор за емотивна и модерна композиција, која означува ново, зрело поглавје во неговата
музичка кариера.
Текстот на песната е на самиот Елвир, додека музиката и аранжманот се дело на Јован Јованов, чиј потпис е гаранција за квалитет и современ звук.
Видеото за „Дијамант“
е снимено на Козјак, а режијата е на Кристијан Теодоров,
кој со својата визија и чувство
за детали, одлично ја раскажува приказната на песната.
„Се заљубив во песната уште од првиот момент кога ја
слушнав. Искрено се надевам дека и публиката ќе го почувствува истото. Песната ми е особено драга, бидејќи е искрен израз на емоција и мојата љубов кон музиката“-вели Елвир.
Песната „Дијамант“,
доаѓа само неколку месеци откако Елвир
Мекиќ ја промовираше дуетската
„Адреналин“ со Јован Јованов. Пораката е јасна - Елвир се враќа на сцената со нова енергија, автентичен
звук и желба повторно да воспостави силна врска со публиката.
#Естрада


Коментари
Постави коментар