Пређи на главни садржај

Изложба и промоција на албум Чоканче 1 и 2 во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата и промоцијата е закажана за в петок од 18:30 часот во Ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1&2 и „Апсолутно романтично“ ќе се одржи на 30.01.2026 /петок/ од 18.30часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

На настанот ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групатаЧоканче, чие прво појавување e на 12 март 1983 година, на „Рок Парадата“ во салатана тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални  групи.

Првото појавување на групата e на  12 март 1983 година, на „Рок Парадата“  восалата на тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални  групи. Соенергичен настап и природен  контакт со публиката, Чоканче веднаш се издвојува, а тој дензасекогаш ја  промени рок сцената во Битола. Од 1986 година па наваму, групата настапувасо свои авторски песни, снимани за Радио Битола и Македонската Радио и Телевизија. Ипокрај прекините во работењето, групата Чоканче останува присутно повеќе од  четиридецении, постојано носејќи ја  својата енергија пред публиката.

Во периодот 1994–1995, во студиото на  Миодраг Неќак – МИКС започна снимањето  надуплиот албум Чоканче 1&2, издаден  на касета и промовиран во клубот  „Андерграунд“ –Битола,  Дом на млади – Штип и  Дом на млади – Скопје. Во 2024 година дел од песнитебеа  реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт диск.Групата претрпуваше промени во составот,  но остана верна на својот препознатлив звук.Денес Чоканче се: Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко.

„Голема благодарност на оние кои беа дел од Чоканче и сите оние кои несебично ни помагаа.Голема благодарност на сите кои беа со нас сите овие години.Од Срце ве сака - ЧОКАНЧЕ!“-велат од Чоканче.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...