Пређи на главни садржај

Нов документарен филм „Нотите на животот“

 Филмот го опишува животот на музичарот и естраден уметник Филип Николоски...

Месецот декември е месец кога се одржуваат многу настани, а има и многу меѓународни денови. На меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 декември во јавноста беше промовиран и новиот документарен филм „Нотите на животот“.

Новиот докумнтарен филм „Нотите на животот“ го опшиува животот на нашиот сограѓанин и естраден уметник Филип Николоски.  Во филмот покрај животот се опишува и средношколскиот живот на Николоски во СОУ„Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп.

Според изјавата на Николоски тој бил изненаден од контактот кон него од страна на стручниот тим од училиштето за проект.

„По повод 3 декември меѓународниот ден на лицата со попреченост ме контактираа од Економското училиште каде што сум поранешен ученик за еден проект за кој бев навистина позитивно изненаден. „Нототе на животот“ е документарен фил чија приказна ја опишува мојата приказна со музиката и прекрасно поминатите средношколски денови во Економското училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп.“-вели Филип Николоски, естраден ументник и музичар.

Имено, Николоски е роден на 11.10.1999 година во Прилеп. Тој е поранешен ученик во СОУ„Кузман Јосифоски-Питу“. Николоски има три негови авторски песни „Тебе те нема“ , „Вози вози ме“ и „Само на добро нека е“.

„Само на добро нека е“ всушност претставува и најголемиот хит на Николоски. Музиката и аранжманот за песната се на Рубин Димкоски, а текстот е на Душко Темелкоски. „Само на добро нека е“ е песна која ја преработи и легендарната и култна музичка група „Меморија“. Николоски на нивниот концерт по повод 40 години од нивното постоење ја изведе токму „Само на добро нека е“.

Инаку, оваа песна доживеа да биде интерпретирана и на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ која што секоја година се одржува во Скопје, а ја организира познатото скопско и македонско радио Бубамара кое од неодамна започна со емитување на програма и на територијата на град Прилеп на 100.5 ФМ фреквенција.

Николоски моментално е вработен во Јавната Здравствена Установа Општа болница со Проширена Дејност „Борка Талески“-Прилеп.

Еипата на ИНФО-ПРИЛЕП на Николоски му посакува многу среќа и успеси на приватен и професионален план!


Фото: Филип Николоски

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...