Народниот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп со претставата „Чиста куќа“ ќе гостува во градови од земјава и странство
Термините за гостувањето на тетараот во Македонија и странство се 4.12, 6.12 и 13.12.2025 година...
Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „ЧИСТА КУЌА“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска ќе гостува во неколку градови во земјава и во странство.
На 4 -ти декември 2025, претставата ќе биде изведена во театарот во Струмица, на 6-тидекември во Велес, а на 13-ти театарот, “Војдан Чернодрински“ ќе гостува во Никшиќ, Црна Гора.
Публиката во овие три града ќе има можност да ја проследи „Чиста куќа“, претстава штораскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебноиспреплетени ликови.... Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој сесправуваме со траумите од детството — во нашиот случај, преку вицови, како средство запреживување, бегство и поврзување... Чистењето во претставата не е само физичка активност, тоае метафора.... Претставата се движи на границата меѓу реалноста и имагинацијата, користејќиелементи на магичен реализам за да ги прикаже емотивните состојби на ликовите, каде вицовитеможат да лекуваат и убиваат, а љубовта може да живее и по смртта.
Сара Рул, со својотпрепознатлив поетичен стил ја претвора секојдневната болка во нешто магично, духовито илековито. „Чиста куќа“ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос.
Драматургијата за претставата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, Филип Крстески е одговорен за сценографијата, дизјанот на плакат и рекламниот материјал, мзуички соработник на режисерката е Ана Миоска, Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа е одговорна за изборот на костими, а фотографиите се на продукацијата „ФАН“ од Зоран Пиловски.
Улоите во театарската претстава ги толкуваат актерите Данила Иваноска, Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска-Клинческа Јасмина Мицовска Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.
#Култура

Коментари
Постави коментар