Пређи на главни садржај

Нова кавер-приказна од младиот кумановски вокал Никола Милосковски: Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа (фото+видео)

Новата кавер верзија од страна на Милосковски е на песната „Лутка'' во оригинална верзија од Саша Ковачевиќ...

Ако ова лето вниманието ви го привлече младиот, харизматичен и исклучително талентиран кумановец Никола Милосковски со неговиот прв кавер за култната песна „Полско цвеќе“ отпеана од македонската музичка икона Тоше Проески, тогаш неговото најново музичко изненадување сигурно ќе ве натера повторно да притиснете „play“. Овој пат, предновогодишно и токму во вистински момент, Никола се претставува со своја верзија на емотивната балада – песната „Лутка“ од Саша Матиќ.

Станува збор за песна што, како што самиот тој признава, одамна ја носи во себе.

„Ја имам слушнато многу одамна и некако буди посебна емоција во мене. Во комбинација со мелодиската линија, буквално ми е по мој вкус“-вели Никола, додавајќи дека токму ваквите балади му дозволуваат да го покаже својот вистински вокален и емоционален израз.

Во време кога каверите често звучат исто, Милосковски се обидува да внесе личен печат – без копирање, без претерување, туку со мерак и искреност. Токму тоа е и причината зошто неговите изведби лесно наоѓаат пат до публиката. Посебно внимание привлекува и видеото, зад кое стои Стефан Катранџиски, со кого, како што вели Никола, уште од првиот момент постоела јасна уметничка визија.

„Уште од самиот старт ми се допадна неговата професионалност во снимањето и начинот на кој успеавме заедно да ја доловиме емоцијата“- открива Никола, нагласувајќи дека визуелната приказна е важен дел од целокупниот впечаток.

Она што го издвојува Никола Милосковски на домашната сцена е неговиот природен пристап кон музиката – без маски, со јасна емоција и препознатлива боја во гласот. Неговиот фокус не е само на нотите, туку и на она што се крие помеѓу нив – искрената интерпретација и личниот печат.

Но, ова не е крајот на музичката приказна за младиот пејач. Напротив – во периодот што следува се очекуваат уште неколку преработки, кои веќе се снимени, а доколку сè оди според планот, публиката наскоро ќе може да ја слушне и неговата прва авторска песна.

Додека новите проекти се подготвуваат, Никола Новата година ќе ја дочека работно, настапувајќи во Гостилница „Дома“ во Куманово, заедно со луѓето кои ја ценат неговата работа и го препознаваат звукот и приказните што ги раскажува – и во музиката, и во тишината меѓу тоновите.

Со ваков континуитет, искреност и љубов кон музиката, Никола Милосковски полека, но сигурно, станува име што вреди да се следи на домашната сцена.



Текстот е преземен од : Портал Музика 24


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...