Пређи на главни садржај

Еве кои се желбите на Давид Давидовски за новата 2026 година!

Давид Давидовски во новата година очекува демократска Македонија со европски привилегии...

Новата година само што не стигнала, а јавните личности веќе почнаа да ги објавуваат нивните желби и идни планови за новата 2026 година. Еден од нив е и контроверзниот Давид Давидовски кој во новата 2026 година очекува сплотенсот на народнот, декомкратска Македонија со европски привилегии.

Инфо-Прилеп: Која беше најголемата илузија што Давид ја имаше на почетокот на 2025 година, а која сурово се распадна до крајот на годината?

Давид Давидовски: По тужбите од Игор Џамбазов и Вики Миљковиќ, поврзани со моето демократско право и слободата на говор, искрено мислев дека мојата кариера ќе запре, дека нема да просперирам. Но, животот покажа спротивно  јас не само што опстанав, туку и издоминирав. Таа илузија се распадна, а на нејзино место дојде победа.

Инфо-Прилеп: Кој човек најмногу го разочара Давид оваа година и што точно научи од тоа предавство?

Давид Давидовски: Пејачот Александар Ристовски – Принц и колумнистот Никола. Тоа беа луѓе за кои лојално, чесно и професионално ги правев најдобрите можни емисии. Наместо почит, добив разочарување. Но ми подарија важна лекција, никогаш повеќе да не верувам „слепо“. Да се живи и здрави, животот си оди понатаму.

Инфо-Прилеп: Која битка Давид ја доби во 2025, а никој никогаш не ја виде?

Давид Давидовски: Јануари 2025 беше најмрачниот период. По едно мое ТВ-гостување, каде што бев гласен и директен на одредени теми, следеа тужби, закани по живот, закани со тепање. Во истиот период, директор на една моќна телевизија ме избрка затоа што сум бил храбар, а не „скромен“. Кулминацијата беше кога многу близок и сакан член од моето семејство доби сериозен здравствен проблемво тој период. Јас бев покрај таа личност, ја чував, додека светот ми се рушеше пред очи. Тогаш бев најразочаран од Македонија, но таа битка ја добив. Тивко. Сам.

Инфо-Прилеп: Кој професионален чекор во 2025 му докажа на Давид дека трпението навистина се исплаќа?

Давид Давидовски: Почетокот на мојата работа на телевизија, создавањето на најгледаната ТВ-емисија, како и периодот кога гостував во српските емисии во Белград – на Пинк и Ред телевизија. Сето тоа беше доказ дека кога чекаш, работиш и веруваш, резултатите доаѓаат.

Инфо-Прилеп: Каков беше твојот љубовен живот оваа 2025 година?

Давид Давидовски: Аууу… полошо никогаш не било. На љубовно поле оваа година беше навистина тешка. Имав авантури за една ноќ со многу девојки, но внатрешно не бев исполнет. Сепак, среќен сум што почувствував потреба да се смирам и повторно интимно да се поврзам со личност од моето минато, која искрено ја сакав. Успеавме да се доближиме, но повторно сфатив дека таа личност не е за мене. Сепак, јас сум за неа – седмица на лото.

Инфо-Прилеп: Ако Давид можеше да ѝ напише писмо на 2025, за што би ѝ се заблагодарил најмногу?

Давид Давидовски: Би ѝ се заблагодарил што моето семејство е живо, здраво и среќно – за мене нема поголема среќа од тоа. Благодарен сум што запознав една прекрасна пријателка, која воедно стана и мој бизнис-партнер. Благодарен сум за целата љубов што ја добивав од мојата најдобра публика. Преблагодарен сум за сѐ.

Инфо-Прилеп: Најголем естраден скандал или срам?

Давид Давидовски: Најголемиот естраден срам е тоа што дозволивме злобен човек и криминалец јавно да навредува луѓе и да нѐ прави сите будали без последици.

Инфо-Прилеп: Кои се твоите планови и желби за 2026 година?

Давид Давидовски: Јас, моето семејство, публиката и целиот македонски народ да бидеме среќни. Да нема глад и жед никаде. Да бидеме живи, здрави, емотивно и финансиски исполнети. Да бидеме весели, да уживаме во демократска Македонија со европски привилегии и, конечно, да се сплотиме и поддржуваме како народ.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...