Пређи на главни садржај

Изложба на слики од уметникот Мирослав Живковиќ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата ќе биде отворена во 13:30 часот...

На 5 декември 2025 /петок/ од 13.30 часот во Ликовната галерија од НУЦК „МаркоЦепенков“ - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од Мирослав Живковиќ,уметник од Србија. Изложбата е дел од меѓународната активност на НУЦК „МаркоЦепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Сликите од Мирослав Живковиќ представуваат облик на неговиот интимен визуелендневник на воспоставување однос со природата – циклус кој што тој постапни и прецизного развива во последниве години. Се разбира упорноста на поетскиот континуитет, и менекој поминува низ тој процес, подразбира и одредени поместувања во самата структура насликата.

Пред се, промените дискретно го зафатиле аголот на односот на природата и предметите,што егзистираат во неа. Фронталниот став кој секогаш имплицира помала или поголемаприсутност на потребата да се опише виденото, материјализирајќи ја неговата морфологијазаменет со настојувањето, контактот со природата и различноста на вибрациите штоегзистираат во неа ги пренесе како збир на визуелни впечатоци, што оставаат, зидови,тревници, трепкачки светлосен флуид, земја и магла над неа.

Поранешното инсистирање на неколку сегменти, на очигледниот свет интегриран вовизуелната ценила, и одстапило место на микрофрагментите од кои е извлечено она што есуштинско и елаборирано на платното, со систем на визуелни кодови што растат до самите рабови на сликата.

Самата промета на шаблонот од кои Живковиќ го започнува процесот на визуелнотоистражување, предизвика логични консеквентни промени во пластичниот слој на сликата.Предизвикала потреба да се воспостави однос на силна интерпретација, помеѓу цртачкатаневратура и хроматскиот слој – потребата, всушност целиот исказ да се гради на контактпомеѓу цртежот и бојата при што ни едната ни другата феноменолошка одредница не го губи карактерот, со тоа што ќе дојде во подреден однос една кон друга.

Во тој однос линијата има карактеристики на автоматско пишување како блага форма нанадреализмот, што е иманентна во стилската структура каква што е лирската апстракција.Таа нагласена каприциозност и хир на цртежот, дискретно подкрепена од хроматскатаструктура чија сила се манифестира во добро совладани текстури, во кои се избегнувависоката паста во корист на порационалната, деликатната обработка, при што нема губење на нивниот интензитет.

Со други зборови со циклусот слики што ги имаме пред нас, Живковиќ исклучително идискретно дефинирал форма на кружно движење во својата визуелна перцепција за светот– од себе до впечатокот кој го создава преку предметите што егзистираат во природатаи одизворот на своите визуелни и емотивни набљудувања кон себе.

Со тоа, реално, поставил здрава основа за понатамошни чекори кон ментално – визуелнипредизвици во кои се манифестираат имагинарните простори, агонични средини, зони нанапнатост и ехо во кои се случуваат елементарни негации на формите кои се во контакт сообликот и безобличноста, смислата и бесмислата на светот во кој ни е дадено да живееме-вели Срѓан Марковиќ.

Мирослав Живковиќ е роден во Ниш, каде живее и работи на Факултетот за уметност, какоредовен професор по предметите Цртање и Сликање. Имал 72 самостојни, на повеќе од 300групни изложби во Србија и во странство. Учесник е на многубројни ликовни колонии,меѓу кои и на колонијата Дрен, на симпозиуми, предавања. Покрај со сликарство од 1992 година се занимава и конзервација. Добитник е на повеќе награди.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...