Пређи на главни садржај

Александар Тарабунов-Тара со нова песна под наслов „Љубов“

„Љубов“ е најинтимното, најзрелото и најкомплетното музичко дело на Тара досега...

Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабунов-Тара ни ја подава својата душа - сурова, чиста, автентична. Со новата песна „Љубов", овој талентиран изведувач и автор ја отвора вратата кон своето најинтимно, најзрело и најкомплетно музичко дело досега.

Создадена во еден здив, во тишината на едно дождливо попладне, песната „Љубов" не е само уште една баладa, таа е емотивна ерупција, вулкан од страст и жив доказ за уметничката зрелост на Тара.

Песната е напишана, компонирана и изведена од самиот автор што ја прави уште посилна, уште повистинита. Слична е приказната и кога станува збор за видеото зашто истото е работено по идеја на Тара, а реализирано со помош на Никола Марковски.
 „Трепериш ко капка утринска... Ѕвезден прав ни спои патишта...

Во сите мои животи знам ќе те пронајдам..." Секоја строфа носи по еден универзум на чувства, а секој стих е сведоштво за една љубов која не боли, туку спасува.

„Љубов" го претставува Тара во едно сосема ново музичко светло, искрен, ранлив, но и моќен во својата тишина. Со оваа песна, тој не само што ја отвора својата душа, туку ја става љубовта на пиедесталот каде што и припаѓа како суштина, како судбина, како најголема тајна на животот.

„Сите кои ја слушнаа песната пред нејзиното официјално објавување беа искрено воодушевени. Секој ја доживеа на свој начин, но сите се согласија во едно дека ова е песна што останува. Верувам дека и судот на публиката ќе биде идентичен. „Љубов" нека биде химна за вљубените, песна за опуштена вечер со чаша вино во рака и доза на романтика. Затоа што музиката освен што се слуша и се чувствува", вели Тара.


„Љубов" не е само песна. Таа е момент. Вистина. Воздишка. Спомен. Ветување...
Со полни гради ја вдишуваме, и не престануваме да ја слушаме. Тара е тука, поинаков, посилен, поискрен. Ова е неговото време. Ова е „Љубов".



#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...