Пређи на главни садржај

Теа Таировиќ го најави спектакуларниот концерт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“-Скопје (фото+видео)

Концертот е на 15 ноември 2025 година (сабота) во Спортскиот центар „Јане Сандански“-Скопје...

        Теа Таировиќ е една од најпознатитите и најмалдите естрадни уметници кои се занимваат со балканска музика. Таировиќ по минатогодишниот концерт во Скопје што се одржа на 30 ноември, денеска на пресконференцијата што се одржа во просториите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“-Скопје го најави големиот, спектакуларен и долгоочекуван овогодишен концерт што ќе се одржи на 15 ноември 2025 година (сабота) во големата сала од Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

          Теа вели дека Македонија и била втора куќа, трета година по ред имала солистички концерти во Скопје, а во овој момент најмногу за концертот се подготвувала кондиционално.

„Македонија е мојата втора куќа . Трета година по ред имам солистички концерт во Скопје, а исто така сум возбудена и голема е одговорноста. Се подготвувам така да имам се најубаво да кажам за тоа. Моментално најмногу се подготвувам кондиционално, мислам дека луѓето имаа можност тоа да го видат на моите друштвени мрежи вчера и денес. Овие два месеци моите припреми се жестоки“-вели Таировиќ.

          Имено, Таировиќ додава и дека македонската публика е навистина прекрасна, а Таировиќ исто така вели програмата која ја припремаат се некако им одела во втор план.

„Македонската публика навистина е „прекрасна и огнена“ , а тука и јас се пронаоѓам. Ние едни на други даваме таква врста на енергија . Целата таа програма која ја припремаме се некако е во втор план во однос на целата таа енергија и во однос на тоа дека публика едногласно пее со мене на концертите.“-додава Таировиќ и се надева дека на концертот ќе бидат изведени и новите музички нумери кои ги препрема за второто продолжение од нејзиниот најнов музички албум „Аска 2“ кои треба да биде промивран наскоро.

          Според кажувањата на Таировиќ од второто продолжение на музичкиот албум „Аска“ нејзината публика има можност да види некои наслови од новите музички нумери кои треба да влезат во вториот дел од албумот.

          Таировиќ на денешната прес-конференција не криеше дека како и на минатогодишниот така и на овој концерт ќе има гостин од Македонија, но за кого станува збор Таировиќ не откри што значи дека ќе треба да ја почекаме саботната ноемвриска вечер  кога ќе се одржува концертот на Таировиќ за да видиме кои македонски естраден уметник ќе и биде гостин на Таировиќ на нејзиниот трет солистички концерт во Македонија, а втор во Спортскиот центар „Борис Трајковски“-Скопје.

          Инаку, прес-конференцијата помината прекрасно, Теа доби убави подароци од нејзините љубители. Помеѓу оние кои и даваа подароци на Теа беше и нашата колешка Биљана Коцева-Алексова или попозната како DJ Бици, долгогодишна водителка на скопското Зона М1 Радио која на Теа и подари рачно изработен со многу љубов подарок  кој на Таировиќ навистина многу и се доапдна, а од истиот беше и доста воодушевена.

 

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...