Пређи на главни садржај

Утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп изложба на дела од уметникот Синиша Новески

Изложбата е во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 24 октомври 2025 (петок) од 19.00 ч. во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од Синиша Новески. Изложбата е дел од годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“ за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата на скулпторот и професор Синиша Новески содржи околу 20 скулптури во различни материјали,мотиви и тематики.Тие се работени во последните 20 години, али најмногу има од последниот негов циклус на скулптури наречен” Жар скулптури” кои се направени во дрво и се доста симболични и асоцијативни и на еден метафизички начин го прикажуват денешниот свет со елементи на македонската традиција и митологија. Тие како жар во дрвото зрачат со својата топлина и ја греат душата на посетителот и гледачот. Во неговите скулптури секогаш има некоја лиричност и порака, но и богата ликовност и естетика.Скулптурите се во мал галериски формат, но зрачат со нивната монументалност.
Синиша Новески во неговото творештво има околу 30 самостојни изложби во земјава и странство и е добитник на многу награди и признанија .Член е на уметничкиот совет на ДЛУМ и работи како професор на Факултетот за архитектура при МИТ универзитетот во Скопје.

Синиша Новески (роден на 6. септември 1978 г.) е академски скулптор и искусен педагог со повеќе од 20 скулптури изложени во јавни простори во Македонија, Србија, Бугарија и САД. Има изложено на 27 самостојни и повеќе од 45 групни изложби и има учествувано во повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми. Добитник е на 17 награди за сопствено уметничко творештво и за менторско-педагошко работење со студенти.
По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2002 г. како најдобар студент во класата по вајарство на професорот Васил Василев, Новески две години работел како асистент на еминентни скулптори Томе Серафимовски, Драган Попоски-Дада, и Никола Смилков. Титулата професор по уметност се здоби во 2004 г., а од 2007 до 2011 г. предаваше ликовно образование во СОУ „Свети Наум Охридски“ во Македонски Брод. Магистерски студии на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ги завршил во 2011 г. кај професор Жарко Башески.
Од 2011 до 2022 г., Новески ја прошири својата кариера во Белград, Србија, каде што, покрај развој како самостоен уметник, придонесе во областа на образованието и културната дипломатија во следните улоги: професор по ликовна уметност на Меѓународното училиште „Бејза“ (2013-2014), надворешен соработник за култура за Амбасадата на Македонија (2014-2018), претседател на управниот одбор на Македонски национален совет за култура (2015-2019), уметнички директор на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ (2013-наваму), член на Управниот одбор на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Србија (2014-наваму) и културен соработник на фондацијата „Нушиќ“ (2014-наваму).

Во 2022 г. се врати во Македонија и од 2023 г. е член е на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Денес работи како доцент на МИТ Универзитет во Скопје, Факултет за архитектура.

Имено, уметникот Новески има дипломирано на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „св. Кирил и Методиј“-Скопје. Новески има направено повеќе самостојни иложби, има учевствувано на повеќе групни изложби, ликовни колонии и симпозиуми, а исто така Новески е добитник на повеќе награди и признанија.

#Kултуро

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...