Пређи на главни садржај

Концерт на Влатко Миладиноски на 28 декември во арена „Борис Трајковски“

Концертот на Влатко Миладиноски ќе биде во придружба на орекестарот на Златко Миладиноски...

По низа распродадени концерти, илјадници аплаузи и безброј песни, Влатко Миладиноски ја заокружува оваа 2025 година со голем музички спектакл и тоа на 28 декември во арената „Борис Трајковски”, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски.
 
Овој концерт ќе биде круна на една година исполнета со успеси, патувања и средби со публиката низ целата земја, но и надвор од неа. Ноќ кога ќе се слави македонската песна, но и трудот, љубовта и вербата дека уметноста е вечна само кога се создава со душа.
 
Со својата посветеност и искреност, Влатко успеа да ја издигне македонската народна песна на едно ново ниво. Симболично, токму тој го постави историскиот рекорд и стана првиот фолк пејач од Македонија кој настапил на Античкиот театар во Охрид, со што ја впиша оваа вечер во златните страници на македонската музичка историја. 
 
А сега, Влатко повторно пишува историја. Токму тој ќе биде првиот фолк уметник што ќе настапи во арената „Борис Трајковски”, доказ дека вистинската емоција секогаш го наоѓа патот до најголемата сцена.
Концертот во арената „Борис Трајковски” ќе биде исполнет со најголемите хитови од неговиот репертоар, но и со нови музички изненадувања. Во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, оваа вечер ќе биде вистинска музичка магија, каде звукот на тапаните, кавалите и гласот на Влатко ќе се спојат во моќна симфонија што ќе ја разбуди секоја емоција кај публиката.
Влатко Миладиноски не е само пејач, тој е гласот на едно време, симбол на постојаност и пример дека уметноста не се создава за трендови, туку за вечност.
 
На 28 декември, под светлата на арената, ќе се роди уште една страница во историјата на македонската музика, страница што гордо ќе го носи името Влатко Миладиноски. 
 
Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Т.Ц Бисер и ЈК травел Дајмонд.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...