Пређи на главни садржај

На 13 декември во Македонската филхармонија Бојана Скендеровски ќе го одржи нејзиниот прв солистички концерт „Бесмртна“

Концертот е најавен како концерт посветен на љубовта и носталгичните чувства...

Бојана Скендеровски е естраден уметник со повеќе од две децениско музичко искуство. Во песните на Бојана се искажани доста емоции кој допираат до секое срце, до секое тело и до секој мозок. Бојана својата 20 годишна кариера ќе ја круниса со нејзиниот солистички концерт кој ќе се одржи на 13 декември (сабота) од 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија. Концертот е под наслов „Бесмртна“ и тој всушност е првиот солистички концерт на Бојана по две децениска музичко-медиумска работа.

Имено, концертот наголемо се најавува како концерт т.е вечер која ќе биде исполнета со многу љубов, носталгични чувства но и како вечер во која публиката и фановите ќе имаат можност да ја видат Бојана во едно поинакво светло.

Бојана за концертот вели дека концертот е нејзината благодарност кон публиката, музиката и моментите што ја обликувале како уметник.

„Овој концерт е мојата благодарност кон публиката, кон музиката, но и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и како човек.“-вели Бојана и додава дека ќе пее со целото срце и дека ќе ја води публиката низ целата нејзина приказна.

„Ќе пеам со целото срце, ќе ве водам низ целата моја приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции.“-додава Бојана.

Инаку, влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на kupikarta.com, a нивната цена се движи од 800 денари до 1000 денари.

Музика 24 на Бојана и посакува успешен концерт, а на вас драги и верни читатели ќе ви препорачаме да си купите влезница и да уживате во една доста квалитетна и емоционална вечер со добра и квалитетна музика, а таа вечер е ниту помалку, а ниту повеќе декемвриската саботна вечер на 13 декември за концертот од Бојана Скендеровски со почеток од 20:00 часот во Македонската филхармонија.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...