Пређи на главни садржај

Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ прикажан синоќа во киното „Мис Стон’’ во Прилеп

  Премиера на филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ прикажан во Прилеп...

Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ чиј режисер е Димитар Оровчанец, продуцент Атанас Ѓорѓиев и Александар Русјаков беше прикажан синоќа во киното „Мис Стон“ во Прилеп. Продукцијата за филмот е на „Трис Филмс“ и „ДМС Филмс“ . 

Имено, сцените за филмот се снимани во Скопје во Центар како и во скопски Рекорд, а улогите во филмот ги толкуваат актерите Мартин Ѓорѓиоски, Миа Жаро, Стефан Спасов, Александар Ѓорѓиески, Марко Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Анастас Тановски, Адриан Азири, Марија Јанчевска, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Никола Кумев, Ненад Нацев, Благица Трпковска, Ана Лавајковиќ, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Филип Трајковиќ, Александар Микиќ, Емилија Мицевска, Миа Кантарџиева, Ангела Стојановска, Нино Леви, Фаик Мефаилоски, Береда Решит, Ендмонд Сотир, Наталија Ристеска, Хакан Даци и Филип Миленковски.

Филмот„УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ е македонски долгометражен филм кој што е сниман годинава, а неговата прва премиера била на 19 август. Филмот е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот дечко и неговиот најдобар другар се губат низ најдлабоките криминални лавиринти со украден полициски пиштол. Тие низ криминалните лавиринти се губат поради мобилен телефон во кој има компромитирачко видео.

Инаку, филмот имаше светска премиера на 30 филмски фестивали во Сраево, Босна и Херцеговина, а го затвори и 45-то издание на Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“ што се одржа во Битола.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...