Пређи на главни садржај

Песната „Молитва“ е една од трите најавени преработки кои премиерно ќе се изведат на концертот „Македонијо во срце те носиме“ што ќе се одржи во Македонската Филхармонија

„Молитва“ е една од трите највени преработки за концертот „Македонијо во срце те носиме’’ што ќе се одржи во Македонската Филхармонија...

Во еден од најпознатите македонски музикчки проекти „Македонијо во срце те носиме“ има преубави преработки на дванаесет македонски песни со патриотски мотиви. Проектот одржа 18 концерти ширум Македонија, а одржа и еден во дијаспората, ова всушност е двегодишната работа на овој проект.

Во прокетот вклучени се македонски народни и забавни пејачи како Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Огнен Здравковски, Миле Кузманоски, Наум Петрески, Зиуца Лазова, групата ДНК, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска и Александар Тарабунов.

На концертот што ќе се одржи на 7.12.2024 година (сабота) покрај добро познатите 12 песни од „Скендеровски Продкција“ најавија уште три нови преработки кој премиерно ќе бидат изведени на концертот, а една од нив е песната „Молитва“. Песната „Молитва“ во оригинално издание е изведена од Виолета Томовска, а е  преработена во овој проект, на истата изведувач е Бојана Скендеровски која што во проектот истата е изведувач и на песната „втората македонска химна“ „Заветна“.

Влезниците за концертот се веќе во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com. Собраните средства од влезниците како што велат од продукцијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а изведувачите ќе ги прати оркестаот од филхармонија кој е под диригентска палка на Сашо Татарчевски.

Како јагода на шлагот беше информацијата дека водител на концертот ќе биде актерот Дејан Лилиќ, а ние од ИНФО-ПРИЛЕП едвај чекаме да го посетиме концертот и да уживаме во истиот, а истото направете го и вие. Уживајте со убавите македонски песни и слушајте македонска музика!


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...