„Песна за Свети Наум Охридски“ нова песна на Влатко Миладиноски

Влатко Миладиноски со нова песна „Песна за Свети Нуам Охридски“...

Фотографија од видео-записот за песната

Утринава на јутјуб каналот на еден од најпознатите македонски фолк и народни пејачи Влатко Миладиноски беше промовирана неговата нова песна под наслов „Песна за Свети Наум Охридски“.

Имено, музиката е на Тоде Новачевски, текстот е на Крсте Наумовски, а додека пак арнжамнот за новата песна од Миладиноски „Песна за Свети Наум“  е на Златко Миладиноски. 

Како што пишува во појаснувањето под видео-записот на јутјуб каканлот од Миладиноски песната е посветена на неповторливиот музички чудотворец Тоде Новачевски. Исто така има упатена благодарност до Архимандритот господин Доситеј Бигорски и до Дончо кој што ги пречекал во манастирот „Свети Наум’’ во Охрид каде што всушност е сниман и видео-записот за песната. Зад видео-спотот се потпишува продукцијата „Х’’.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Влатко Миладиноски со налсов „Песна за Свети Наум Охридски“, а ние се надеваме дека истата ќе ви се допадне вас исто како што ни се допадна и нас.

Дежурната екипа на ИНФО ПРИЛЕП на Влатко Миладионски и неговиот тим им посакува многу успеси и на приватен и на професионален план.


#Естрда

Коментари