Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври...
Со богата културно-уметничка програма
која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се
од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на
народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата
пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на
Прилеп.
Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира
со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни
прзници за Прилеп.
Програмата за одбележување е следна:
Од 1 до 3 октомври
(четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“
кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите
на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп.
На 4 октомври
(недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа
Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“ со
Тијана Дапчевиќ.
На 5 октомври (понеделник) во Участакот
во Прилеп ќе се одржи интерактивна работилница „Бегство од музеј“
На 6 октомври (вторник) во Участакот
во Прилеп ќе се одржи интерактивна работилница „Детективи на минатото’’
На 7 октомври (среда) во просториите
на Градската библиотека „Борка Талески“ се одржува настан под наслов
„Менталното здравје кај младите“, поетска вечер „Во пресрет на 11 Октомври“, а
во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко
Цепенков“-Прилеп ќе се одржи и премиерата на театарската претстава „Животинска
фарма“ и ќе се одржи драмолетка на Борко Лазески-Участок „Парискиот студент е
прилепско дете“
На 8 октомври (четврток) во Ликовниот
салон од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се
одржи изложбата на ДЛУ Битола, а во големата сала ќе се одржат репризите за
претставата „Животинска фарма“ и драмолетката на Борко Лазески-Участок „Парискиот
студент е прилепско дете“
Од 8 до 10 октомври (четврток, петок и
сабота) на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп ќе се одржи
традиционалниот Фестивал на медот.
На 9 октомври (петок) со почеток од 12:00 часот на плоштадот „Методија
Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп ќе се одржи училишниот перформанс „Формирање на
македонското знаме“. Во 17:30 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе
се одржи промоција на книгата „Спомени на прилепските револуционери“ од доктор Славчо Ковилоски. Во 18:30 часот во
киното „Мис Стон“ при Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи проекција
на филмот „До Балчак“, додека во 19:00 часот во Участакот ќе биде промовиран каталог посветен на
Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“. Во 21:00 часот во киното „Мис Стон“ ќе се одржи
слем полуфиналето.
На 10 октомври (сабота) со почеток од 10:00 часот во спортската сала на Средното
општинско училиште „Ристе
Ристески-Ричко“ ќе се одржи Меѓународниот традиционален турнир во џудо „Прилеп
Град Херој 2026“. Во 18:30 часот во Ликовната галерија при Националната
установа Центар за култура
„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од ДЛУП, а во 19 часот ќе се
реализира посета на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“.
Во 19:30
часот на Камената бина во плоштадот „Арт“ во центарот на Прилеп ќе се одржи свечена програма, во рамки
на која ќе биде изведена химната на Република Македонија од Културното
уметничко друштво „Пере
Тошев“, ќе биде промовиран краток филм за нападот на 11 Октомври 1941 година, а
ќе се обрати и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Програмата
ќе продолжи со импровизиран напад на Участокот и огномет, по што ќе следува
концерт во центарот на градот.
На 11 октомври (недела) во 9:00 часот ќе се одржи полагање цвеќе на
спомениците на хероите. Во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Црвениот
крст ќе се одржи традиционална крводарителска акција по повод државниот празник
11 Октомври. Во 10 часот во спортската сала на Средното општинско
училиште „Орде Чопела“ ќе
се одржи Меморијалниот турнир во шах „МАТ 2026“, додека од 10 до 19 часот на
булеварот „Гоце Делчев“ ќе се одржи автомобилското шоу „Tuning Car Show“.
На 12 октомври (понеделник) со почеток од 11:00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ ќе се
одржи „Техничко-тактички збор“ на Армијата на Република Македонија, со изложба
на воена опрема и оружје, како и показни боречки вештини на специјалните
единици.
На 15 октомври (четврток) во големата сала на
Националната установа Центар за култура
„Марко Цепенков“ ќе се одржи театарската претстава „Вечера за глупаци“.
На 16 октомври (петок) во големата сала на Националната
установа Центар за култура
„Марко Цепенков“ ќе се одржи стенд-ап настап со Александар Михајловски.
На 17 октомври (сабота) во големата сала на Националната
установа Центар за култура
„Марко Цепенков“ ќе се одржи фолклорна вечер со Културното уметничко
друштво „Моминок“ и гости
од Босна и Србија.
На 18 октомври (недела) на булеварот „Гоце
Делчев“ ќе се одржи рекреативно-натпреварувачкиот атлетски настан „Че трчаме
2026“, додека во село Штавица ќе се одржи велосипедскиот настан на отворено
„Тура преку Слива 2026“.
Од 19 до 25 октомври (понеделник до недела) во Прилеп ќе се одржи „MOCPA 2026 &
Training Camp“, односно Меморијалниот ориентациски натпревар „Пеце Атанасоски
2026“.
На 19 октомври (понеделник) во големата сала
на Националната установа Центар за култура
„Марко Цепенков“ ќе се одржи стенд-ап настап со „Солзи и смеа“.
На 21 октомври (среда) во Собраниската сала на
Општина Прилеп ќе се одржи тркалезната маса „Македонија на Македонците –
македонска ослободителна мисла (1893–1991)“.
На 22 октомври (четврток) во големата сала на
Националната установа Центар за култура
„Марко Цепенков“ ќе се одржи годишниот концерт на ОКТЕТ – Прилеп. Во галеријата
на Националната установа Центар за култура
„Марко Цепенков“ ќе биде отворена и изложба на Илија Ацески.
На 24 октомври (сабота) во село Штавица ќе се
одржи „Prilep Downhill Cup“.
На 3 ноември (вторник)
во Прилеп ќе се одржи изложба на дела од ликовната колонија „Дрен“, како и
тематска изложба на архивски материјали, фотографии и документи кои го сведочат
развојот на Прилеп. Во рамки на програмата ќе се одржи и свечена седница со
доделување на Третоноемвриските награди.
Со преку 30 настани Прилеп и годинава
подготви богата програма за одбележување на двата значајни датуми во
прилепската историја, традиција и култура. Прилеп со многу конецрти, изложби и
други содржини погодни за секоја возраст ќе одбележи 85 години од 11 Октомври и
со тоа ќе потсети за значењето на овој датум и неговото место во колективното
сфаќање.
Организаторите ги повикуваат граѓаните
на Прилеп да бидат дел од настаните за достојно да се одбележи големиот 85
годишен јубилеј од 11 Октомври значаен ден за Прилеп и Македонија.
Христијан Ангелески
#Магазин


Коментари
Постави коментар