Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани...
Скопје утре, 3
октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!
Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма
ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ
„Универзална сала“ и Град Скопје.
Еден од главните музички настани
е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00
часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја
очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот.
На Боемска улица ќе
настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов, додека
кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика:
Flooder & Vaso од
20:30, DJ Vecky – Fluere од
22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ.
Програмата ќе ги опфати и платото
пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка
Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта
Буњаковец, плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, Археолошкиот
музеј, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“, Домот на градежниците, Чифте
амам, „Мала станица“, Детскиот културен центар „Карпош“ и Паркот на поезијата
при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Во сабота од
18:00 часот превозот со ЈСП ќе биде бесплатен, а по повод
манифестацијата, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.
Со друштвото или
со семејството – утре се гледаме на „Бела ноќ“! Целосната
програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanok.
#Култура

Коментари
Постави коментар