ЈОВАН ХАЏИЕВ ОД ТЕТОВО СО НАСТАП ВО „IDJ PEPSI SHOW“: Неговата изведба предизвика поделени реакции кај жирито
Младиот македонски натпреварувач Јован Хаџиев се претстави на регионалното музичко шоу „IDJ Pepsi Show“, каде што со својот настап гo привлече вниманието на членовите на жирито и предизвика различни коментари...
Јован Хаџиев (17) од Тетово е еден од младите музички таленти кои добија можност да ги покажат своите способности на сцената на популарното регионално натпреварување „IDJ Pepsi Show“.
Седумнаесетгодишниот Хаџиев настапи со песната „Мјеркам те мјеркам“ од Здравко Чолиќ, со која се обиде да го освои жирито и да обезбеди продолжување на натпреварувањето. Неговата изведба предизвика поделени мислења и лавина добри коментари кај членовите на жирито, составено од Релја Поповиќ, Сека Алексиќ и Наташа Беквалац.
Релја Поповиќ и Сека Алексиќ имаа позитивни коментари за младиот натпреварувач. Релја го пофали неговиот пристап, пеењето и сценскиот настап, додека Сека ја истакна неговата харизма, симпатичност и способност да владее со сцената.
Од друга страна, Наташа Беквалац имаше поинакво мислење. Таа оцени дека настапот не ѝ делувал доволно автентично и дека сака да го слушне Јован во поинакво музичко издание пред да му даде поддршка. Хаџиев се разбира отпеа и дел од песната „Ночас ми се неспава“ на што Беквалац даде позитивен одговор, а пред тоа Алексиќ на Беквалац и и посочи дека треба да се „смири“ и да размисли додека го креира нејзиниот коментар.
Различните реакции во студиото дополнително го направија неговиот настап интересен за публиката, отворајќи простор за дискусија за неговиот сценски израз и потенцијалот што го поседува.Учеството на Јован Хаџиев во „IDJ Pepsi Show“ е можност младиот талент од Тетово да се претстави пред пошироката регионална публика и да покаже што може да понуди на музичката сцена.
Христијан Ангелески
#Естрада

Коментари
Постави коментар