Пређи на главни садржај

ОВАЦИИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЧАЛГИСКА МУЗИКА ВО ПРЕПОЛНАТА САЛА НА МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ

Филип Шурбевски - Езгија квартет ја донесе магијата на македонската традиционална чалгиска музика во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб...

Филип Шурбевски - Езгија квартет ја донесе магијата на македонската традиционална чалгиска музика во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, потврдувајќи ја улогата на оваа институција како значајна сцена за афирмација на македонската култура и традиција.

Во преполната сала на македонскиот КИЦ во Загреб одекнуваше звукот на македонската традиционална чалгиска музика. Во целовечерниот настап на Филип Шурбевски - Езгија квартет, присутните ја почувствуваа емоцијата, музичката виртуозност и незаборавните ритми од богатото македонско музичко наследство.

Со повеќе од 18 музички изведби, врвните професионални музичари, Филип Шурбевски, Костадин Андоновски, Мајкл Карадаковски и Митко Наумовски, го претставија пред публиката препознатливиот македонски чалгиски звук. Филип Шурбевски - Езгија квартет, преку традиционалниот чалгиски музички израз ја потсети публиката на минатите времиња, кога песната, музиката, музицирањето и дружењето биле неразделен дел од градскиот живот.

На почетокот на концертот, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, ја истакна посебноста на чалгиската музика, нагласувајќи дека таа не е само звук, туку цел настан – спој на музика, емоција, традиција и заедништво. Како значаен дел од македонското музичко наследство, чалгијата сведочи за вековните културни допири на Балканот и за богатството на македонската градска традиција. Преку својот специфичен звук, таа ги поврзува минатото и сегашноста, зачувувајќи го духот на старите времиња и пренесувајќи го на новите генерации.
Настанот привлече бројна публика, високи претставници на Мининистерството за култура и медиуми на Хрватска и претставници на локалната власт, како и истакнати претставници на македонски и хрватски институции и организации во Загреб, претставници на дипломатскиот кор, универзитетски професори, многубројни загрепчани и Македонци кои живеат, работат или се образуваат во Загреб.

Големиот интерес, преполната сала, долготрајните аплаузи и изразените чувства на присутните ја истакнаа важноста на културните настани коишто ја потенцираат длабоката емоционална енергија на македонската културна традиција.

Преку ваквите настани, македонскиот КИЦ во Загреб активно придонесува кон афирмацијата и промоцијата на македонската култура пред меѓународната публика, поттикнувајќи културна конекција, меѓусебно запознавање и зајакнување на пријателските врски помеѓу Македонија и Хрватска.

Концертот на Филип Шурбевски Езгија квартет е дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, а се реализираше со поддршка на Министерството за култура и туризам.



#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...