Пређи на главни садржај

Давид Давидовски: Познат сум по мојата искреност

Давид Давидовски отворено зборуваше за Инфо-Прилеп...

Во последно време тој стана вирален по неговите објави на Инстаграм каде во рацете држи хамер со пораки напишани со маркер. Покрај тоа тој е познат по искреноста, љубовта кон медиумите и кон модата и е еден од најпознатите машки гласови на македонскиот национален радио етер. Тој се јавува како водител на „Метрополис“ радио, како уредник и водител на повеќе негови авторски емисии меѓу кои „Давид на Прва“, „Ти реков ми рече“ и по сегашниот негов проект „Ајкон шоу“. Со ова веќе треба да е јасно за кого станува збор, но доколку некој не слушнал за него тогаш тоа е контраверзниот, секогаш искрен и без влакна на јазикот Давид Давидовски.

Целото интервју во продолжение!

Инфо-Прилеп: Давид, твоите пораки напишани со маркер на хамер станаа вирални и допреа до илјадници луѓе. Што беше твојата првична замисла кога го напиша првиот хамер – која е таа емоција или надеж што сакаш да му ја пренесеш на секој што се чувствува осамено или несфатено?

Давид Давидовски: Познат сум по мојата искреност, првиот хамер го напишав во момент кога и самиот чувствував потреба од тие зборови. Сфатив дека живееме во свет каде што сите брзаат, а сè помалку луѓе застануваат да прашаат „Како си?“. Мојата цел не беше да бидам филозоф, туку да бидам тој тивок глас кој ќе му каже на минувачот или на оној што скрола на телефон: „Не си сам, секоја бура поминува и вредиш повеќе отколку што мислиш“. Емоцијата зад тоа е чиста љубов и надеж дека еден обичен лист хамер може да му го спаси денот на некого.

Инфо-Прилеп: Многу млади луѓе во тебе гледаат идол и инспирација за тоа како храбро се остваруваат соништата. Која е главната животна лекција што би сакал да им ја пренесеш, како да веруваат во себе, а притоа да го зачуваат чистото срце?

Давид Давидовски: Најголемата лекција што сакам да им ја пренесам е дека успех не значи да згазиш некогаш за да искачиш скалила погоре. Можеш да бидеш и амбициозен и успешен, а притоа да останеш добар човек. Игнорирајте го шумот што ви вели дека мора да се промените за да ве прифатат. Верувајте во сопствената автентичност. Најголемата храброст денес е да останеш со чисто срце и отворена душа во свет каде што сите се обидуваат да изградат ѕидови околу себе.

Инфо-Прилеп: Уште на 19 години влезе во медиумските води и започна свои авторски проекти, прв создаде Јујтуб емисија, што сигурно носи и сомнежи и препреки од околината. Од каде ја црпиш силата секогаш да одиш напред со насмевка и да шириш позитивна енергија притоа знсеме дека доживуваш различни опструкции?

Давид Давидовски: Се разбира дека имало моменти на неправда, сомнежи и сопки, но научив дека насмевката е моето најсилно оружје. Силата ја црпам од моето семејство, а и од публиката, македонската публика за мене е вторпто семејство,од луѓето кои искрено ме сакаат и од верата дека кога правиш нешто од срце, тоа мора да го пронајде својот пат. Препреките не се тука да те запрат, туку да ти покажат колку силно го сакаш тоа што го работиш. А верувам дека еден ден кога ќе мирисам демократски воздув во Македонија сѐ ќе биде океј.

Инфо-Прилеп: Давид, нешто што е најинтригантно за твојот живот е твојот љубовен живот, имавме неколку моменти ние новинарите да те фатиме со различни девојки досега, каков е твојот љубовен статус?

Давид Давидовски: Хаха, многу сум созреан и стар за тие ,,крес-комбинации”, мене обично жените ме користат затоа што сум дарежлив во секоја смисла на зборот, еве јавно кажувам не сум во врска, а секогаш кога ќе останам сам се обидувам да се вратам на една фигуративно кажано “змија или морж”, ако цел свет мене ми се извинил и ме молел, јас моето его само спрема таа особа сум го задушил, жена која има посебно место, а ја мразам искрено, но впрочем ми ги смирува нервите. И едвај чекам да го види таа ова интервју, затоа што знам дека таа особа е кохезијално поврзана со најубавиот, најзгодниот, најдобриот, најромантичниот, најхрабриот маж, а тоа сум јас Давид Давидовски-Икон. 

Инфо-Прилеп: Во твоите шоуа гостите секогаш се чувствуваат добредојдено, заштитено и почитувано. Колку ти е важна искрената поддршка и љубезност во медиумскиот свет, како на сцената, така и надвор од неа?

Давид Давидовски: Во светот на шоу-бизнисот и медиумите сите се гладни за сензација, но јас верувам во почит. Кога еден гостин ќе почувствува дека го почитуваш како човек, тој ти ја дава својата најискрена верзија. Јас сум аполитички новинар, за мене објективноста е свето нешто, во кафана ќе пиеме и јадеме, но во студио ќе ја говориме вистината. Инаку морам да каж дека многу лицемрни луѓе има на нашата летаргична сцена, а водителите на забавни емисии ме копираат буквално во сѐ и досадни се, јас сум барем искрен, па колку сакате мразете ме. А ова мое вече уморно срве е секогаш полно и отворено за љубов спрема сите, но нечија злобна човекова генетика не може тоа да го свати, а и да го искористи, елем.


#Шоубиз

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...