Пређи на главни садржај

Прилеп го одбележува 11 Октомври (фото+видео)

 Со свечена програма синоќа во Прилеп беше одбележан 11 Октомври...

Со свечена програма лоцирана на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп синоќа беше одбележан Денот на македонското народно востание 11 Октомври.

На свечената програма беше интонирана македонската хационална химна „Денес над Македонија“ од страна на Културното уметничко друштво „Пере Тошев“. Веднаш по интонирањето на химната се обрати градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и беше промиран краток филм за нападот на 11Октомври 1941 година во Прилеп по што следуваше импровизираниот напад на участокот и спектакуларниот огномет кој што всушност е заштитен знак на оваа свечена програма за 11 Октомври повеќе години наназд во Прилеп.

Имено, по сите овие активности предвидени за одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп концертен настап пред прилепчани одржа и музичарката Андријана Јаневска која ги изведе познатите рефрени на „Морска ѕведо“, „Заветна“ и други традиционални македонски рефрени што од нејзиниот репертоар на песни што од нејзини колеги.

Јаневска за Инфо-Прилеп вели дека секогаш и е чест да настапува во Прилеп и дека репертоарот намерно е составен од македонски песни што нејзини, што евергрини  и што традиционални македонски песни.

„Секогаш ми е чест да настапувам во Прилеп затоа што Прилеп ја има најдобрата публика. За вас ова претставува навистина важен ден и ми е чест што бев токму гостин на овој важен ден за Прилеп. Репертоарот намерно го составивме од македонски песни и тоа нешто од мојот репертоар, нешто од македонските евергрини и нешто од нашите традиционални македонски песни со цел да се одбележи овој македонски ден со наша македонска музика и јас се надевам дека уживавте.“-изјави Анријана Јаневска за Инфо-Прилеп.

Инаку, чествувањата за денот на македонското народно востание 11 Октомври во Прилеп продолжија и денеска со положување на свежо цвеќе на спомен обележјата на хероите, со крводарителска акција во Црвениот крст, Меморијалниот турнир во шах „Мат 2026“, автомобилско шоу Tuning car show како и конецртниот настап на Христијан Настески-Пајак закажан за во 18:00 часот на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп.


Христијан Ангелески


#Магазин


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...