Пређи на главни садржај

Изложба „ДОМА – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

 Изложбата е во Ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...



На 7 август 2026 година (петок) од 20:00 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и дигитални дела “ДОМА – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта“ - колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко). Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.


Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриват две перспективи на поглед кон светот. И од тука лежи една фундаментална тензија. Едената перспектива, на Ацеска е аспект од нашата природа кој се стреми да разбере преку дисекција — да разложува, анализира и поедноставува, во потрага по значење. Другата перспектива е таа на Ацески, и е аспектот кој ја сфаќа суштината на нештата не преку прекумерна анализа, туку преку директно искуство и прифаќање.

Изложбата се позиционира токму во тој простор меѓу двата пола: место каде што едноставниот симбол може, всушност, да содржи цел универзум, и каде што значењето сепојавува како соработка што го чека доаѓањето на набљудувачот.



Ацеcка Александра, Родена во Прилеп, Македонија Живее и работи во Фошан, Кина. Во2017 г. дипломирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за ликовниуметности Скопје, одсек сликарство и графички дизајн, во 2023 г. магистрира насликарство на Факултетот за ликовни уметности, Скопје.

Самостојни изложби:

2024: – „FLORAL LIMBO“, Музеј на уметноста Сан Та, село Зини, област Панју,Гуангџоу, Кина; 2023: – „II“, Галерија на ФЛУ (Факултет за ликовни уметности), Скопје,  

РСМ; – „Реформации“, Федерација на книжевни и уметнички кругови, област Нанхаи,

Фошан, Гуангдонг, Кина; 2018; – „PORTA PINUS“, Музеј на град Скопје, Скопје, РСМ;

2019: – „DIDYMUS“, Културен центар Марко Цепенков, Прилеп, РСМ;

–„DIDYMUS“, Културен центар Кочо Рацин, Кичево, РСМ;

Групни изложби:

2024: – „Three hundred miles away“, изложба за современа уметност по повод 30- годишнината на Fangyuan, Музеј за уметност Baozhen hall, Гуангџоу, Гуангдунг, Кина;– „2nd Healing expo“, Центар за конференции и изложби, Футијан, Шенџен, провинцијаГуангдунг, Кина;

– „Joy, Life“, Меѓународен конвенционен и изложбен центар Xi’an, Xi’an, провинција Шаанкси, Кина;

– „Encountering Blossoms“,Музеј за уметност Parallel lines Baozhen hall, Гуангџоу, Гуангдунг, Кина;

2023: – Уметнички саем ART CANTON, групна изложба, Културен центар Чиошан, град Сичјао, Фошан, Гуангдонг, Кина;

2019: – „Rencontre Franco-Macedonienne“, групна изложба на македонски и нормандиски уметници, Јавна соба, Скопје, РСМ;

2019: – „Portals“, групна изложба на млади уметници, дел од проектот CreArt, Музеј на град Скопје, Скопје, РСМ.

Награди:

2024 – Награда „Извонреден меѓународен IB наставник“, Училиште Guandong Country Garden, Фошан, Гуангдонг, Кина;

2017 – Награда и грант „Борко Лазески“, најинвентивен сликар од генерацијата 2017, Факултет за ликовни уметности, Скопје;

– Награда „Ponte di Pietra“, четврто издание на Меѓународен саем за современа уметност – Paratissima, Скопје, РСМ; – Drimon и INKA награден уметник, Меѓународен саем за современа уметност Paratisima, Скопје, РСМ;



Илија Ацески подолго време се занимава со фотографирање. Освоил награда во Патиказ магазин за фотографија Момата 2012 г Ехо фестивал, за планинарска фотографија -трета награда, Корабски водопад - Фото на неделата во Нова Македонија во 2023 г и уште еднаш во 2024 г. Учествувал на годишната изложба на ФФК Прилеп во 2024г.

Фотографирал за списанието на Водостопанство на Македонија во неколку броја за активностите на Тутунски окомбинат во Прилепско поле, фотографирал и за каталози за повеќе прилепски фирми уште во 1990 година.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...